Научно гледано луѓето што се под постојан стрес произведуваат зголемени количества кортизол, хормон кој ја регулира реакцијата на телото на стрес. Гледано пред огледало ова значи дека се дебелеете од стрес.
Тест од тие старинските, без шерување, логирање и слично, сам пред компјутер да ја провериш твојата политичка настроеност и кон која идеологија влечеш. Има листа од 30 прашања и ти треба само да ги искликаш.
Трамп го најави својот прв предлог буџет за 2018, во кој парите предвидени за Пентагон се зголемија за 54 милијарди долари. Ова одма наиде на поплаки, од луѓето од Пентагон кои се жалат дека парите не им стигаат. Пред овие дополнителни 54 милијарди во 2018, за 2017 е предвидено да добијат дополнителни 30 милијарди.
Отказот на Клаудио Раниери сè уште е жешка тема во англискиот печат. Навивачите застанаа во негова одбрана и ги нападнаа играчите, а некои медиуми се позанимаваа со неговите тактички потези и издвоија четири меча кои сметаат дека придонеле за негово отпуштање.
Нормален потрошувач не еднаш се изгорел во животот па по дефиниција е претпазлив кон звучните тврдења за „гарантирани резултати“ и „клинични тестирања“. Иако во маркетингот тенка е разликата меѓу лагата и разубавувањето на вистината, таа сепак постои и нејзиното пречекорување знае компаниите да ги чини тешки милиони.
Ибра со два убави гола му го донесе на Јунајтед првиот трофеј сезонава а себе си го подари 32. трофеј во кариерата. Англија е шеста земја во неговата кариера, а во пет освојувал титули.
Тренерите и играчите пробуваа сè за да го спречат. Се загреваа пред него, му местеа рекламни паноа за да не може да фати голем залет, навивачите му мавтаа, а Венгер бараше да се забрани неговото изведување аут.
Давид Дејвис менуваше дури три голманки (Амандин Лејно, Ина Суслина и Мајсу Песоу) но 32-годишната Катарина Булатовиќ вечерва беше неверојатна и со 14 гола ја прекина победничката серија на Вардарки. 28:31 (16:17).
Ракометарите на Вардар вечерва го совладаа Целје 35:30 во 12. коло од групната фаза на елитната лига и на две кола пред крај има големи шанси директно да се пласира во четвртфиналето.
Официјалната церемонија за ждрепката на паровите за Светското првенство во ватерполо помина со скандал затоа што на графичкиот приказ на групите покрај името на Црна Гора стоеше знамето на Албанија.
Олимпијакос, АПОЕЛ, Ајакс, Бешикташ, Рома и Андерлехт се изборија за топ 16 фазата во Лига Европа. Зенит имаше 3:0 за осминафинале, но одбраната им попушти во финишот, а изненадување направи и Апоел откако ја анулираше предноста на Атлетик Билбао.
Пред точно 30 години, на 22 февруари 1987 година, КУД Идијоти завршија со снимање на своето прво дискографско издание, шест години после формирањето на бендот.
Tој изгледа толку убеден во тоа што го прави, со радост на лицето дека му служи на некој министер, кој денес е тука, утре не е, ама битно ТОЈ е тој што му го сочувал лифтот, па ете, направил нешто корисно за државата.
Кога го видел 3-годишниот внук Рафа дека од сите играчки најмногу го сака рекетот, братот на татко му на Надал, Тони одлучил целосно да се посвети на воспитувањето и тениските тренинзи на малиот кој стана непобедлив светски шампион и освои сè.
Само вистинските југоносталгичари не го заборават 7 мај 1991-ва, датумот кога се одигра еден од најспектакуларните кошаркарски натпревари во историјата на Југославија. Најдобар забивач – Тони Кукоч, најдобар тројкаш – Аријан Комазец.
Сајтот Stadiumdb спроведе гласање за да го избере најдобриот нов стадион на светот изграден (или реконструиран) и пуштен во употреба во 2016-та. До 4. март секој може да учествува во гласањето за еден од 29 стадиони претенденти.
Капитенот на Андерлехт Јури Тилеманс беше главен во победата од 1-4 на гостувањето кај Остенде. Првиот гол го даде со десна, вториот со лева, а и двата од 30 метри во агол.
Кошаркарите на Западната конференција славеа против Источната со резултат 192:182 во 66-то издание на Ол Стар игрите. Ова беше натпревар со рекорден број на поени во историјата, а беше постигнат и личен рекорд на поени, вкупно 52 кои отидоа на контото на Ентони Дејвис.
Сликата за тоа како ќе изгледа светската економија за 30 години никако не им одговара на волците од Вол Стрит. Анализа на Прајсвотер Хаус покажува дека завршува економската хегемонија на САД и ЕУ а на сцена доаѓаат 'некои нови клинци'. САД ќе бидат претркани од Кина и Индија а во Европа најмногу ќе расте Турција.
Се проценува дека Исис има изгубено 30% од приходната страна на својот буџет а во меѓувреме останаа и без околу 3 милиони даночни обврзници кои се расрпснаа по светов. Како и секоја власт во таква ситуација, и таа реагираше со зголемување на давачките. Еве колку наплаќаат за комуналии, казни и даноци.