Со последните инвестиции во сопствената инфраструктура, Неотел ја воведе LTE напредната технологија од последната генерација и со тоа на корисниците им овозможи многу поквалитетен и побрз интернет.
Ништо националистички и расистички, туку пиар пред светот и бизнис, па додека Кина се брендира како центар за чиста обновлива енергија, целото свое производство на јаглен го преселија во Африка.
Државјани на ЕУ, особено оние од централна и источна Европа масовно ја напуштаат Велика Британија заради очекуваните компликациии околу нивните работни места кои ги носи брегзит. А газди на ресторани а островот велат дека не можат да замислат Британец кој ќе стане од кревет и ќе оди некаде да мие чаши.
Од 18 септември до 10 декември ЛУКОИЛ Македонија започна голема наградна игра каде своите верни потрошувачи ќе имаат можност да освојат ваучери за патувања.
Од 1 септември сите љубители на Гранд Голд и Гранд Арома кафе имаат можност во рамките на наградната игра „Отвори и кеш освој!“ да добијат некоја од 3033 вредните парични или трговски награди.
Британската престолнина редовно е високо рангирана на листите за најдобри градови за живеење во светот, додека во исто време подеднакво редовна е и на списоците на најскапите градови на светот.
Пивара Скопје, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC групацијата и оваа година го освоија првото место во светската индустрија за пијалаци, според остварените резултати во одржливиот развој и заштитата на животната средина.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер в среда треба да го одржи своето годишно обраќање во Стразбур. „Ќе ве убедува дека ЕУ е мед и млеко. Ајде да видиме одблиску каква навистина ситуацијата“, пишува пратеничката на Европскиот парламент, Дајана Џејмс.
Репортажа на новинарка на Би Би Си од Бугарија, земјата која најбрзо го губи своето население во светот. Можела и кај нас да дојде и исто ќе видела. Само што тешко некоја валидна бројка да можела да извади од државата која 15 години нема ни попис направено.
Изминатите денови на неколку локации низ Скопје се појавија впечатливи билборди опкружени со зеленило кои го најавија новиот станбен објект Riverview Residence.
Сред поплавите по ураганот Харви, во едно од засолништата, Сиенен наиде на еден од најжестоките медиумски критичари во Хјустон, жената идентификувана како Даниел и нејзината малолетна ќерка, кои премрзнати, утоп мокри и избезумени, беа наместени пред камерата на новинската мрежа за да одговараат на прашања на новинарката.
Победата на Макрон на француските претседателски избори беше дочекана како пресвртницата што ќе доведе до големото враќање на левицата и доказ дека политиката од лева ориентација и понатаму може да победува на гласачките кутии. По само 100 дена од неговото владеење, ова звучи како присетување на некои дамнешни златни времиња.
Текстов се однесува на Евреите од Солун, кои на почетокот на 20-от век беа една од доминанатните заедници во градот. За неколку дена 50.000 Евреи биваат депортирани и убиени во наци логорите. Оние малкумина кои имаат среќа да се вратат, наидуваат на град кој е глув за она што им се случило. И така со децении. Ситуацијата сака да ја смени градоначалникот со потекло од Крушево.
Римските императори не се осмелувале да прегазат источно од Елба. Исто и Карло Велики. Векови подоцна, иако е денес река која минува низ една земја, источно од неа луѓето се поблиски до некогашните идеолошки браќа од комунизмот, отколку од сегашните браќа по националност.
Тоа што не знаевме ние, а очигледно знае група француски крадци, е дека во катакомбите под Париз се чуваат големи резерви на старо квалитетно вино. Овие резерви само што се намалија за вино во вредност од 250 илјади евра.
Форбс пишува дека САД треба да почнат да размислуваат во поконкретни термини за можноста од напад од Северна Кореја. Би било тоа класично ширење милитантна параноја додека не ви текне дека на едната страна на клацкалката седи некој како Ким а на другата некој како Трамп.
Првиот човек на компанијата го доби бонусот за 2017 што му следува како дел од договорот и кој во годинешната транша стандардно изнесува 560.000 акции од Епл. Преведено во пари според вредноста на акциите на берза, ова пакетче вреди 89 милиони долари.
Со целата можност и ова да е дел околу целиот циркус што и претходи на борбата во сабота, група доктори смета дека на ММА шампионот никогаш не требало да му биде дозволено да боксува против Флојд Мејведер.
Францускиот претседател во рок од 3 месеци има потрошено 26.000 евра на шминка, што во просек му доаѓа дека Макрон три месеци секој божји ден давал по 280 евра за пудри, коректори, руж и сличен арсенал.
Новинарска дилема е што да се прави кога ја имате само победничката страна на приказната а не и изјава од поразениот. А бидејќи додека добиеме изјава можеме да се изначекаме (дај Боже), одиме еднострано и неизбалансирано.
Првично познати по управувањето на борделите (во ултра вносниот центар на Лондон) благодарејќи на шверцот на бело робје и оружје од војната во Косово, албанските криминалци во Британија полека станаа главни играчи во уште еден сегмент на британското подземје: продажба на дрога.
Банда од 14 баби е осудена на 2 до 11 години затвор од кинескиот суд заради барање исплата на долгови користејќи "провокативни и вознемирувачки методи".
Од почетокот на мандатот на администрацијата секојдневно се подготвува специјална папка, која на претседателот му се испорачува на две рати. Првото пакетче е спремно во 9 и 30, а второто во 16:30, и во просек во нив има од 20 до 25 страници со вести.
Откако сојузната држава Вашингтон одлучува законски да ја зголеми минимална плата на 15 долари на час (од претходните 9,47), просечниот ниско платен работник е во минус по 125 долари месечно или околу 100 милиони долари помала заработувачка колективно.