Млекара Здравје Радово викендов повторно се дружеше со сите љубители на природата, здравиот начин на живот и спортот. Од петок до недела, во прекрасните предели на Мариово, со епицентар во селото Манастир, по петти пат се оддржа аутдор фестивалот Mariovo Off-Road Experience, каде што велосипедисти и планинари од целата држава уживаа во велосипедските тури, планинското трчање, планинарење, како и во аеробик и болдеринг.
30 мај 2016 - 13:04