МАРИОВО - ВЛЕЗИ ВО ДИВИНАТА

Млекара Здравје Радово викендов повторно се дружеше со сите љубители на природата, здравиот начин на живот и спортот. Од петок до недела, во прекрасните предели на Мариово, со епицентар во селото Манастир, по петти пат се оддржа аутдор фестивалот Mariovo Off-Road Experience, каде што велосипедисти и планинари од целата држава уживаа во велосипедските тури, планинското трчање, планинарење, како и во аеробик и болдеринг. 

Околу 1000 страсни почитувачи на пириродата и спортот три дена дишеа со дивината, во недопрената природа на Мариово, но имаа и прилика да се збавауваат и дружат со сите предвидени активности на фестивалот. Функционалниот јогурт Здравје + со свој специјален пункт, бесплатно ги освежуваше сите учесници на фестивалот

- Ова е наше трето големо партнерство, за само неколку недели. По поддршката која ја дадовме на Скопскиот маратон и на манифестацијата Прв до врв, Мариово Офф Роад е логично продолжување на нашите активности, во промовирањето и поддршката на здравите навики, спортскиот начин на живот и внимателноста при планирање на исхраната. Како компанија и во наредниот период ќе продолжиме со активна промоција на нашите три клучни
сегменти: виталност, енергија и хармонија соддржани во нашиот функционален јогурт Здравје +, кој е наменет токму за луѓето кои водат сметка за себе и за своето здравје.
Во рамките на кампањата Здравје во твои раце, не ја пропуштивме можноста и на сите посетители на Мариовскиот аутдор фестивал да им ја дадеме потребната енергија која им е потребна сите три дена. Велосипедизмот ни е од особена важност, бидејќи како компанија во соработка со организацијата На точак вече поделивме велосипеди за деца од ранливи категории, пракса која ќе ја практикуваме и во иднина. Само така, низ вакви примери директно ќе влијаеме на свеста од најмлади години, колку е важно да се спортува, вози велосипед, пешачи и внимателно се одбира храната која се внесува во организмот - изјави Александар Блажевски, односи со јавност во Млекара Здравје Радово

Функционалниот јогурт Здравје + изминатите три дена ги освежувашеи им ја даваше потребната енергија на сите учесници во трките и активностите, но приреди и вкусно мезе и оброци по завршувањето на напорните денови. Во кампот се служеше традиционалното Мешано сирење Здравје, Кумановскиот кашкавал а за десерт имаше и Сутлијаш кои беа вистински домашни деликатеси. Добар дел од камперите и учесниците сами си подготвуваа традиционални и вкусни оброци користејќи ги производите на млекарата која своите прозиводи со внимание и љубов ги прави со внимателно одбрано и селектирано 100% млеко од Македонија...

(комерцијална објава)

30 мај 2016 - 13:04