Ракометарките на македонскиот првак не дозволија ново изненадување по она во првото коло кога Унгарките со реми заминаа од Скопје и вечерва во Унгарија го совладаа тамошниот шампион со убедливи 24:37 (12:21)
Тренерското деби на Камара, довчерашниот помошник на клупата на Вардарки мина и повеќе од успешно откако македонскиот првак вечерва одигра атомски ракомет против првакот на Русија, Астрахоночка.
На првото овосезонско гостување во Лигата на шампионите, ракометарките на Вардар со 31-26 (13-14) го победија рускиот шампион Астраханочка и веќе се на прагот од пласман во следната фаза од елитната ЛШ.
Првиот ден од седмиот месец во годината беше среќен за ракометарките на ЖРК Вардар, кои во Данска ги дознаа противниците во првата групна фаза од Лигата на шампионите.
Ракометарките на Вардар ниту трет пат по ред не успеаа да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите. Вардарки беа огромен фаворит, но загубија од дебитантот на Ф4, Букурешт 27:21.
Ракометарките на Вардар попладнево загубија 28:26 во формалниот реванш со Ларвик во Норвешка, но по 14-те голови предност во Скопје пласманот на четвртиот Фајнал фор по ред не се поставуваше.
Четири натпревари - четири победи е учинокот на ракометарките на Вардар на последните дуели од групната фаза во ЛШ каде фатија залет за борбите во четвртфиналето.
Ракометарките на македонскиот шампион вечерва во Романија го совладаа тимот на Букурешт со 30:25 и го обезбедија третото место во главната фаза кое носи извесно полесен противник во четвртфиналето.
Ракометарките на Вардар ја оправдаа фаворитската улога против Хипо 37:25 (15:14), и се пласираа во главната фаза на ЛШ, каде за противник ќе ги имаат Будуќност, Букурешт и шведскиот Савехоф.
Ракометарките на Вардар со убедливи 25-15 го победија данскиот шампион Митјиланд и обезбедија пласман во следната фаза каде ќе префрлат четири бодови освоени во дуелите со денешниот противник.
Ракометарките на Вардар попладнево стигнаа до втората победа во Лигата на шампионите, откако во Јане Сандански убедливо триумфираа против данскиот шампион Митјиланд 33:24 (16:8)
Ракометарките на Вардар вечерва ги добија противниците во групната фаза од Лигата на шампионите. Индира Кастратовиќ задоволна од исходот и верува дека нејзините избранички сигурно ќе чекорат до Фајнал форот.
Ракометарките на Вардар втора година по ред ќе се качат на подиумот со најдобрите европски екипи, откако денес во дуел за 3. место го совладаа Динамо Синара 28:26.
Ракометарките на Вардар и втора година по ред не успеаа да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите. Во таа намера ги спречи црногорскиот претставник Будуќност кој како и лани ги надигра црвено-црните во секој сегмент. Скопјанки за бронзата ќе се борат со Динамо Синара.
Денешната ждрепка на Универзитетот Мохоли-Наѓ во Будимпешта на Вардар му го донесе апсолутниот шампион на Црна Гора, екипа против која Индира Кастратовиќ и црвено-црните девојки се измачија и лани и сезонава.
Во последното коло од групната фаза, ракометарките на Вардар го совладаа тимот на Динамо Синара 28:27. Амандин Лејно со дури 14 одбрани беше најзаслужна за триумфот на црвено-црните, кои во четвртфиналето ќе играат против унгарскиот Ѓер.
Ракометарките на Вардар го претрпеа најтешкиот пораз во Лигата на шампионите сезонава, 33:25 (15:12). Динамо Волгоград беше убедливо подобар од црвено-црните кои имаа преголем број на неизнудени грешки и промашени зицери.