Разно
Некој педантен читател буричкал по сајтот за јавни набавки и ни пратил линкови да се увериме колку некои државни и општински институции се жедни по информации. Ним им гори душата за информации, нам ни гори ќесето. Знаете ли дека општина Гази Баба од буџет одвојува пари за да дознае што се случува во земјата и странство? Оти без платен агенциски сервис, локалните чауши ќе живеат во неиздржлив информативен мрак, утре на седница нема да знаат до каде е со Сирија. И не само Гази Баба. Бујрум линкови, за сите нас што ќе си останеме вечно глупи и неинформирани.
13 февруари 2014 - 13:47