Состојки
- 5 пилешки копани
- 250 грама сланина
- 10 цели печурки
- 1 коцка за пилешка супа
- 3 до 4 цели главици бел кромид
- 3 моркова со средна големина
- 5 чешниња лук
- црвено вино за преливање
- брашно
- сол и бибер
- маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за пржење и Експрес лонец.
Подготовка
Чекор 1: Време е за сецкање: Излупете ги морковите и исечкајте ги на крупни парчиња, а потоа и чешнињата лук. Кромидот и печурките оставете ги цели за да добиете поубав изглед на состојките при презентацијата на готовото јадење. Сланината исечете ја на ленти.
Чекор 2: Извалкајте ги пилешките копани во брашно зачинето со сол и бибер, а потоа пропржете ги во маслиново масло. Тоа ќе помогне пилешкото да ги задржи соковите, а брашното ќе го згусне сосот. По неколку минути ставете ја и сланината, исто така извалкана во брашно, за состојките да добијат дополнителна боја. Ставете ги и кромидот и печурките, а потоа прелијте ги сите состојки со вино. Тоа ќе помогне да се соберат сите вкусови од состојките во тавата.
Чекор 3: Ставете ги пилешките копани на дното од садот за експрес готвење заедно со сланината, а потоа ставете го и зеленчукот. Прелијте ги состојките со уште малку вино и ставете коцка за пилешка супа. Сега сме спремни да ги готвиме под притисок!
Чекор 4: Ставете го капакот на садот за експрес готвење, регулаторот наместете го на 2, па загрејте го садот на најсилен оган. Почекајте да се подигне индикаторот и да се појави пареа, а потоа намалете го огнот на единица или на двојка и оставете го јадењето да се готви 30 минути.
Чекор 5: Внимателно ослободете ги пареата и притисокот ставајќи го регулаторот на ‘Нула’ и почекајте додека да се ослободи пареата. Потоа извадете го капакот и погледнете го прекрасното јадење во садот.
Чекор 6: Сервирајте го јадењето со креместо и меко пире од компир со путер. На крај прелијте го јадењето со сосот и одозгора ставете исечкан магдонос за декорација.
СОВЕТ: Експериментирајте и со бело наместо црвено вино, но помислете и на тоа каква сорта вино користите. Тоа ќе влијае на крајниот вкус. За вакви рецепти секогаш користете пилешко со коска бидејќи така месото нема да се исуши за време на готвењето.