Приказната започнува во далечната 1994 година, кога се отворија вратите на првиот Тинекс маркет во населба Kарпош 3. Во тоа време отварањето на еден ваков бизнис беше вистински предизвик од една страна, но и огромно задоволство за потрошувачите од друга страна. Иако многумина беа скептични за идејата, тогашниот мал тим од помалку од 10 луѓе напорно, деноноќно работеше на остварување на својот сон, кој денес е вистинска гордост за сите нас.
Тинекс прерасна во сериозен ланец на маркети, прв македонски бренд, кој секојдневно ги задоволува потребите на повеќе од 30.000 лојални потрошувачите на современ начин.
Како и секоја сериозна корпорација, така и Тинекс, преку платформата „Тинекс, ти и јас", ја негува долгогодишната традиција на општествено-одговорно работење и придонесува кон развојот на заедницата. Затоа денес, со гордост можеме да кажеме дека вложивме повеќе од 60 милиони денари во последните 4 години, во над 150 донации од областа на здравството, труд и социјала, спортот, културата,образованието и тн. Со цел да придонесеме и за понатамошен развој на заедницата на која припаѓаме, платформата „Тинекс, ти и јас" ќе продолжи со својата мисија и во оваа јубилејна година. И понатаму, ќе продолжиме со грижа и помош за заедницата со цел равивање на корпоративната филантропија во Македонија.
Веќе две децении, успешно го препознавме квалитетот на македонските производи и секогаш навремено ги задоволуваме потребите на нашите потрошувачи.
Започнавме акција која не само што ќе им даде шанса на квалитетните македонски производи, туку и ќе ги потсети граѓаните дека на тој начин заеднички ќе дадеме придонес за отварање на повеќе работни места.
Затоа, во маркетите, на нашите полици секојдневно може да се најдат повеќе од 5000 македонски производи, произведени од над 200 домашни компании. Овие бројки зборуваат за деловната политика на нашата компанија.
„Денес Тинекс е гордост на сите нас, компанија која може да се пофали со повеќе од 1200 вработени, со вкупно 40 Тинекс маркети од кои 8 супер Тинекси, 7 Космо дрогерии, над 30 000 лојални потрошувачи, над 15 милиони денари кои на годишно ниво се одделуваат за општествено-одговорни проекти и компанија која дава неизмерна поддршка на македонските производи и производители.Тинекс и понатаму ќе продолжи да расте и да се развива. И понатаму ќе продолжи на софистициран начин да ги задоволува потребите на потрошувачите. Едноставно компанија која е и ќе биде гордост за сите нас" - изјави Цветанка Христовска, главен бренд директор во Тинекс