Додека срцето ни крвави заедно со она на Кацарска по нејзиното болно признание дека ослободувањето на Дурловски е најтешкото ослободување во нејзината кариера (замисли ја ти таа кариера! а имале доказ дека чак и химната ја пеел!), се префрламе во Естонија каде пробуваат во судските парници да внесат барем вештачка интелигенција.
Во терористичкиот напад на две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд od 15.3 беа убиени најмалку 49 луѓе, а 20 беа ранети. Убиецот, кој е уапсен, претходно напишал анти-имигрантски манифест, во кој, меѓу другото, цитира една славна песна.
Сè што не може човек да замисли дека може да се случи во една односно две акции во 30 секунди, може да се видат единствено во романскиот фудбал, во случајов во втора лига. Посебни се Романциве.
Лук Пери беше во одминати дваесетти кога го ангажираа да го глуми Дилан Меккеј во Беверли Хилс 90210 - улогата што го претвори во омилен „дечко” на Америка (и на Балканот) иако воопшто не беше тинејџер.
Kлубот на легендарната дружина од Манчестер Јунајед, Салфорд Сити освои три промоции во последните четири години и сериозно се качува по скалилата нагоре. А кога дошле првпат во клубот, Гери Невил прашал: „Овде треба нов напаѓач или нов тоалет“?
Легендарниот француски напаѓач во Монако ќе биде запаметен како извонреден играч и катастрофален тренер. Клубот синоќа соопшти дека го отпушта и дека денешниот тренинг ќе го води неговиот помошник. Тренерско деби од 104 дена за заборав. Играчите се жалат дека лошо ги третирал и форсирал свои деца.
Секоја чест за деби сезоната на Роналдо во Серија А и откритието Пјонтек од Џенова, ама пазете го и ова. На повидок е рушење на еден стар рекорд на легендарната 9-ка на Фиорентина, кој може да го урне ветеран кој за 10 дена полни 36 години.
Веројатно е наивен и е само уште едно губење време по интернет и прегледување на фото архивите на вашиот телефон, но последниве неколку години толку многу народ се испоизгоре од доверба кон технолошките гиганти како Фејсбук, Твитер и слични, што веќе и на вакви челенџи почна да дува.
Книгата се појави во книжарниците во петок 4-ти јануари, а денес, 5-ти, таа е веќе на првите места на топ листите. Во Франција е издигната на ниво на национален настан.
Последната шашма во која се заплеткуваат кавгите околу високото образовение се вика "импакт фактор", Звучи учено и авторитетно, лесна е за копи - пејст и затоа деновиве на неа се повикува и шуто и рогато. Да се објасниме со упатен човек.
Она што беше основа на целата индустрија за бричови и жилети (продај им евтина рачка, па вади ги парите од жилетите), сега стана бизнис модел на речиси секоја индустрија од мобилни телефони до кафемати.
Замисли место во кое под палката на сеприсутниот фанк владетел, цела држава е присилена сите свои локални и национални празници и успеси да ги прославува со фанк музика. За дополнителена реалност, замисли да постои држава која по иста основа наместо фанк пушта друга музика.
Како би изгледал стенд-ап на Робин Вилијамс пред неговите рајски колеги, на првиот ден од неговиот престој таму? Били Кристал се обидува да ја замисли таквата сцена. Ако има рај, тој веројатно изгледа вака.
„Ако ја видите оваа книга прескокнете ја, избегнете ја по секоја цена, не си го трошете своето скапоцено време на бесмислено нижење зборови“ - вака гласи препораката на еден критичар од Србија за современ роман на локална писателка. Остро? Отровно? Или е така, или едноставно не сме навикнати на таков дискурс, попознат како „кого удрам, не жалам“.
Радиофоничниот глас на Калински ќе оди во етер уште две и пол години. Би сакал да коментира со уште тројца вардарови легенди, по дома гледа снукер, а зад себе има и одбојкарска кариера која била пресудна за првиот пренос во кариерата.
Полицаецот што на 9-ти август го застрела 18-годишниот Мајкл Браун, се до неделава немаше дадено никаква изјава за инцидентот. Во понеделникот, беше објавена неговата верзија на настанот. Коментарот на приказната е "... ова е неверојатно. Мислам, во буквална смисла на терминот: 'тешка и невозможна за верување.'"
„Зошто сум јас јас, а не некој друг?" е едно од прашањата кои ни ги поставува филмов. Но многу потешкото е - дали кога би го знаеле одговорот би биле задоволни од oна што сме станале?
Зборовите значат. Посебно во Иран каде она што е дозволено - да кажеш, да направиш, да бидеш виден дека го кажуваш или го правиш - е работа која постојано се менува.
Екипата на МЕПСО со убедливи 6:0 стигна до првиот триумф во третото коло од Бизнис лигата во Македонија. Победи славеа и ЕЛЕМ против Лукоил и Sparkasse над Систина.
Брммм, пињау, трес, пау, мјау! Веројатно е тешко да се замисли дека во некои други јазици овие извици можат да звучат некако поинаку. Па сепак, тоа е така. Еден дизајнер ги собира и многу добро ги илустрира.