Банкарите ги надмудрија докторите

Екипата на МЕПСО со убедливи 6:0 стигна до првиот триумф во третото коло од Бизнис лигата во Македонија. Победи славеа и ЕЛЕМ против Лукоил и Sparkasse над Систина.

МЕПСО преку Контрола на летање до првата победа
МЕПСО 6-0 (5-0) Контрола на летање
МЕПСО: Јовче Ангелов 2’, 4’, 10’, Златко Ацевски 17’, Братислав Савовски 18’, Тони Честојнов 28’
Контрола на летање: /
Екипата на МЕПСО во овој натпревар влезе многу сериозно со доста агресивна игра уште на самиот старт. Ги затвори сите приоди кон сопствениот гол, па така, Контрола на летање немаше многу простор да се разигра и да ги оствари своите замисли во нападот. МЕПСО го искористи тоа, одлично ги реализираше своите напади, за да на крајот стигне до првата победа во овогодинешната Бизнис Лига со резултат од 6-0. Полувреме 5-0.

Лукоил убедлив во дуелот со ЕЛЕМ
ЕЛЕМ 2-6 (0-2) Лукоил
ЕЛЕМ: Диме Милевски 22’, Пеце Соклевски 37’
Лукоил: Дејан Зиков 2’, Владимир Секулоски 8’, Марјан Цветковски 27’, Љупчо Апостоловски 31’, 32’, Игор Дамјаноски 38’

Екипите на ЕЛЕМ и Лукоил играа доста затворен фудбал во првото полувреме со многу малку удари кон двата гола. Во ваквата игра Лукоил мошне вешто ги искористи и оние малку шанси што му беа дадени, што не беше случај кај ЕЛЕМ, па на полувремето Лукоил замина со предност од 2 гола. На самиот старт од второто полувреме со голман играч екипата на ЕЛЕМ постигна погодок кој во целост му ја врати самодовербата, но по само 5 минути од одбиена топка од противничкиот гол ЕЛЕМ несреќно примија гол, па екипата на Лукоил додатно го подигна мотивот за игра постигнувајќи уште еден гол за сериозна предност. ЕЛЕМ немаше шанси да се врати во натпреварот, па го загуби со 2-6.

Банкарите ги надмудрија докторите
Sparkasse 8-5 (6-2) Систина
Sparkasse: Дарко Стојановски 2’, 8’, 12’, 35’, Стојанчо Јосифоски 4’, Филип Чижбановски 10’, 26’ Љубомир Таневски 12’
Систина: Игор Ѓорѓиевски 3’, 28’, 29’, Александар Јаневски 10’, Далибор Дамјановиќ 27’

Екипите на Sparkasse и Систина во првото полувреме беа фокусирани на нападот, играјќи доста отворено со многу удари кон голот и на двете страни. Екипата наSparkasse имаше одлична реализација и многу од шансите за гол ги реализираше. Кај Систина затаи реализацијата, па на полувремето се отиде со резултат од 6-2. Во второто полувреме екипата на Систина со воведување на голман играч успеа да фати резутатски приклучок, но искусниот Sparkasse се врати во натпреварот, не дозволувајќи изненадување за победа на истиот од 8-5.

21 октомври 2014 - 09:59