Фабио Кваљарела подиве. Отвораш лајвскор или резултати за да видиш кој е стрелец кај Сампдорија и таму местото е резервирано за него. Некој се откажува на тие години како напаѓач, на друг му даваат шанса во 70-та минута, а Сампдорија не може да си го замисли нападот без него.
Викендов Самп имаше тешко гостување во Фиренца и само 10 минути го делеа од пораз. Но феноменалниот Кваљарела не се дава и за четири минути блесна со нови два гола за пресврт. Ќе беше херој на мечот ако Виолетовите не израмнија во третата минута од судиското продолжение за конечни 3:3.
Италијанските медиуми секое коло не потсетуваат на годините на италијанскиот напаѓач кој нема коло да не даде гол. По пауза од 20 дена, Серија А викендов се врати на сцена, а Фабио воопшто не е оладен. Стигна до неверојатна серија од 10 натпревари со постигнат гол.
Прв е на листата на стрелци со 14 комада, а лидерската позиција ја дели со Роналдо и Запата од Аталанта кој вчера му даде четири гола на Фрозиноне.
Со оваа серија, Фабио се наоѓа пред израмнување на еден рекорд кој го држи легендарниот Батистута. Тој е единствениот напаѓач во Серија А кој има стрелано на 11 средби по ред, остварување кое датира од сезоната 1994/1995.
Инаку Фабио Кваљарела има постигнато 141 гол во Серија А, запишани за Асколи, Сампдорија, Удинезе, Наполи, Јуве, Торино и сега пак за Сампдорија.
Рекордот му е од ланска сезона кога на 35 средби даде 19 гола. Со оглед на лудата форма и тоа што сезоната е на пола, големи се шансите да си го урне и личниот рекорд.
„Се работи за силен играч, голот за 3:2 го дава само вистински шпиц како него. Од аспект на техничка спремност, искуство и капацитет за читање на ситуациите, тој е многу добар. Гледајте го како игра, не му влијаат ниту годините“, изјави тренерот на Самп, Марко Џампаоло.
Клубот за Божиќ му да го даде овој подарок.
Двата гола на Кваљарела од 2:50