Има 37 години и еден од оние како Пандев на кој не му пречат годините за да може да растура во напад. Синоќа Сампдорија загуби дома 2:4 од Наполи, Елмас даде гол првенец, ама потегот на мечот го има извонредниот Фабио Кваљарела.
36 годишната гол машина на Сампдорија освен што се вклучува на терен и гази во италијанско на стари години (за напаѓач), освојува срца и на навивачи оддалечени илјадници километри од него.
Фабио Кваљарела на овие години не потсеќа на една ситуација со Роберто Баџо кога беше ветеран. Тогаш цела италијанска јавност му вршеше притисок на Трапатони да го викне за репрезентација, нешто што Манчини го направи со Фабио без пењавење и со многу чувство. Трап не попушти.
Фабио Кваљарела вчера наполни 36 години. Не може, а да не му го одбележиме бидејќи ретко кој напаѓач држи таква форма на тие години. Роденденот му го честитаме со задоцнување од еден ден и со голот на кариерата кој го постигна оваа сезона. Каков убиствен инстинкт.
Секоја чест за деби сезоната на Роналдо во Серија А и откритието Пјонтек од Џенова, ама пазете го и ова. На повидок е рушење на еден стар рекорд на легендарната 9-ка на Фиорентина, кој може да го урне ветеран кој за 10 дена полни 36 години.
Има речиси 36 години, а попладнево против Киево даде гол на осми натпревар по ред. Сезонава досега има вкупно 11 гола и конкурира да стане најдобар стрелец. Неверојатниот Фабио Кваљарела.
Најдобрите двајца стрелци од минатата сезона во Серија А, Имобиле и Икарди, сезонава имаат голема конкуренција. Младиот Пјонтек, искусниот Роналдо, но и еден стар лисец кој гази од сенка. Фабио Кваљарела.
На Фабио Кваљарела не му ги гледајте годините. 35 се, ама воопшто не му стојат со оглед на тоа што го прави. Лани имаше страшна сезона во која постигна 19 голови, а синоќа го дотолчи Наполи за 3:0 во стил на кој нема право да мрчи ниту Ибра. 10 пати вреди да се изгледа голов кој не го прослави од почит кон својот поранешен клуб.
Салах е експерт по материјава затоа што веќе даваше голови без да се радува против поранешните тимови Фиорентина, Челси и Рома. Величината ја докажуваа уште неколку други фудбалери меѓу кои Батистута и Симеоне.
Сезонава Фабио Кваљарела се исправи како борец - не многу разговорлив, неизбричен и уверен. На 22 меча постигна 23 гола и стана ударна игла во нападот на препородената Сампдорија со нејзиниот тренер Марко Џампаоло. Но патот до тука му беше пеколен.
Роден е во Неапол и животна желба на италијанскиот репрезентативец му била да игра за тимот од родниот град. Не само што заигра туку и даваше важни голови за пласман во Европа, но никој не знаел дека надвор од теренот поминува низ пекол со морбидни писма за педофилија и уцени.