Што ако Армстронг и другарите не успеаа да се вратат живи од Месечината? Или ако истоварот на Нормандија беше неуспешен? Што ако Кенеди не беше убиен во Далас? Говорите биле напишани.
Изминатата недела во ФИФА терминот не се одиграа многу натпреави, но и на овие мечеви беа постигнати убави голови. Погледнете го изборот на најдобрите 10.
„Љубовникот на лејди Четерли" не е единственото дело на овој автор кое доживеало цензура долга повеќе од три децении. На 30 април ќе излезе збирка од 31 до сега необјавени песни, и тоа во ново двотомно, критичко издание, под наслов „Сите ние".
Да се пее на сцена знае кај луѓето да роди боговско чувство. Ти во центарот, публиката ти е пред нозе, суверено командуваш со тој дел од универзумот. Сè додека еден неочекуван допир не ти го скрши филмот.
Осоколени после добрите игри претходно у циклусот, а и после две пива пред утакмица се лупавме у груди како идеме на победа и освета за оние неправедни 0:2 у Скопје. После 15 минути ни беше јасно дека Белгија е класа изнад нас а после пола саат дека бункерот мора да издржи пошто гол не даваме.
Иако поради тешки болести докторите му рекле дека мора да и стави крај на фудбалската кариера, 30 годишниот Јоан Пеле успеа да ги победи и по три години пауза се врати на зелените терени.
Затоа што интернетот се пали на ова, а и добро размислените идеи убаво изгледаат за брендот, маркетинг агенциите се повеќе вртат на "искуствени кампањи," реклами во кои еден случаен муштерија добива главна улога во инстант филм.
Како и пред секои квалификации и пред почетокот на овој циклус Англичаните тврдеа дека е дојдено нивното време и ќе атакуваат на златото на Светското првенство во Бразил, но не само што можат да останат без пласман, туку и ќе загубат огромна сума на пари.
Иако за селекцијата на Црна Гора ова е само втор квалификациски циклус на светските првенства, според резултатите кои до сега ги оствари, претставува вистинска сензација. Црногорците предводени од селекторот Бранко Брновиќ со вчерашното реми против Англија, го одбранија лидерското место во групата.
Прво имаа интернет, потоа дојде зависноста од интернет, по што следуваа кампови за одвикнување од интернет, за сега Кинезите да откријат свој сограѓанин кој 6 години е заглавен во интернет кафе.
И покрај разликата на темите, машките и женските списанија најчесто следат иста формула, која во основа се базира на сериозно еротизирани слики од жени.
На Американците им загинаа 4.500 војници а 30.000 беа ранети, потрошија над 1.000 милијарди долари и пак не успеаа да воспостават функционална демократија. Ирачаните изгубија многу повеќе, над 100.000 мртви и 2 милиона иселени. Кинезите уште од старт не ги интересираше војната.
Јапонија ја има најниската стапка на криминал меѓу земјите на ОЕЦД, и најмал број на затвореници во споредба со другите развиени држави, и сето ова благодарејќи на казнени закони стари над 100 години и подеднакво сурови.
Има само 17 години, а веќе е дел од селекцијата на Полска до 21 година. На досегашните настапи за младинските репрезентации има фантастичен скор од 27 гола на 31 натпревар. Според карактеристиките, сличен е на голгетерот на Борусија Дортмунд и веќе е на мета на неколку европски клубови.
Најтрофејниот шкотски тим, Глазгов Ренџерс има удобно водство во 4-та лига и нивната промоција во повисок ранг не е доведена во прашање, но сепак нивните навивачи не им дозволуваат на фудбалерите премногу да се опуштат.
Канадската Felice News се претставува како најголемата и најпопуларната медиумска организација за ширење позитивни вести. Толку се позитивни што новинарите, наместо со плата е наградуваат со - да пукне!
Во повеќе наврати сме промовирале соработка со спортската рубрика на сајтов. Еве уште еден повод: двајца писатели. нобеловецот Џ. М. Куци и славниот Пол Остер, преку писма дискутираат за сопствената опсесија, да гледаат спортски натпревари, и да се чувствуваат виновно што си го губат времето.