Салати

Салата од леќа

Вкусна салата од леќа и модри патлиџани.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
5 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 модри патлиџани, исечени на тенки ленти
  • маслиново масло
  • 250гр. чери домати
  • 1 мало чешне лук
  • 1/4 лажичка црвен пипер
  • сок од 1/2 лимон
  • 140гр. павлака
  • 400гр. леќа
  • 80гр. ореви сецкани
  • 4 лажици магдонос сецкан
  • 70гр. млад спанаќ

Подготовка

Сварете ја леќата 30 мин. во тенџере со вода на среден оган. Потоа процедете ја. 

Загрејте ја рерната на 200 степени. Намачкајте плех со масло и наредете ги лентите од модри патлиџани и чери доматите. Премачкајте ги со маслиново масло и печете ги 3-4 минути. Потоа тргнете ги чери доматите во  чинија, превртете ги модрите патлиџани од другата страна и печете ги уште 3-4 минути. 

Во мал сад измешајте павлака, лук, црвен пипер и сок од лимон.

Измешајте ги во сад за сервирање модрите патлиџани, чери доматите, леќа, магдонос, млад спанаќ и ореви. Зачинете со сол по вкус и прелијте ја салата со зачинетата павлака. 

30 март 2013 - 09:43