Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
55 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2 лажици маслиново масло
- 1 кромид, исецкан
- 1 лажица црвен пипер
- 3 главици лук
- 1 луто пиперче исецкано
- 125мл. црвено вино
- 1кг јагнешко исецкано на коцки
- 2 лажици сецкан магдонос
- 16 ливчиња кориандер
- 1 лажичка сол
- мешана зелена салата за сервирање
Подготовка
Загрејте масло во тава на среден оган. Гответе го кромидот 10 минути. Додадете црвен пипер, лук и луто пиперче. Гответе ги 1 минута со мешање.
Додадете црвено вино и гответе уште една минута. Потоа тргнете ја смесата на страна за да се излади.
Изматете ја оваа смеса во блендер. Измешајте ги парчињата јагнешко во со смесата од кромид и вино. Додадете магдонос, кориандер и сол. Покријте ги и оставете ги во фрижидер 4 часа.
Загрејте скара на среден оган. Наредете го јагнешкото на раженчиња заедно со ливчиња од кориандер. Гответе ги на скарата 15 минути.
Сервирајте ги раженчињта со свежа зелена салата.