Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 лажица масло
- 1 главица кромид, исецкан
- 2 чешниња лук, сецкани
- 1/2 лажичка ѓумбир
- 600гр. мелено говедско месо
- 2 лажички соја сос
- 50мл. чили сос, благ
- 2 лажици сок од лимета
- кора од 1/2 лимон
- 5 лажици нане, сецкано
- 5 лажици сецкан кориандер
- 70гр. печени, несолени кикирики
- тестенини по желба како прилог
Подготовка
Загрејте го маслото во поголема тава на силен оган. Пржете го кромидот со мешање 3 минути додека да омекне. Додадете лук, ѓумбир и кора од лимон. Гответе ги уште една минута.
Додадете го меленото говедско месо во тавата. Пржете го со постојано мешање со дрвена лажица, околу 10 минути додеа да добие кафеава боја и целосно да се зготви.
Додадете во тавата соја сос, сладок чили сос и сок од лимета. Гответе 2 минути. На крај додадете нане и кориандер. Добро промешајте го јадењето и тргнете ја тавата од оган.
Сервирајте го говедското месо со сецкани печени кикирики и тестенини по желба како прилог.
На здравје!