За љубители на тиквици

Тиквици со сладок компир

Специјалитет од тиквици, сладок компир и јајца

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
55 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 поголем кромид, сецкан
  • 300гр. сладок компир, излупен и крупно изрендан
  • 2 чешниња лук, исецкани
  • 4 јајца
  • 2 белки од јајце
  • 40гр. брашно
  • 125гр. урда
  • 250гр. рендани тиквици
  • 2 лажици ситно сецкан млад кромид
  • 2 лажици сецкан магдонос
  • 240гр. чери домати
  • рукола
  • оцет балсамико

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте со малку масло правоаголно тавче и обложете го со хартија за печење.
Загрејте го маслото во тава на силен оган. Испржете го кромидот 3 минути за да омекне. Додадете го слаткиот компир и пржете 3-4 минути. Потоа додадете лук и гответе уште 1 минута.
Изматете ги јајцата, белките од јајца и брашното. Додадете урда и добро измешајте. Во оваа смеса додадете ги пржениот сладок компир со кромид и лук. На крај додадете ги ренданите тиквици, кромид и магдонос и добро измешајте ја смесата.
Префрлете ја смесата во тавчето и печете 25-30 минути додека да добие златно жолта боја.
Во меѓувреме ставете ги доматите на плех, премачкајте ги со масло и печете ги 10 минути за да омекнат.
Послужете го специјалитетот со потпечени домати и рукола зачинета со оцет балсамико.

25 март 2013 - 07:00