Како резултат на својата развојна политика, воспоставените партнерски односи со фармерите, како и на вистинските деловни одлуки на менаџментот на компанијата, Здравје Радово во првиот квартал од 2013 година, оствари раст на откупот на сурово млеко за 30% во однос на истиот период минатата година.
Растот се должи на 10 годишната традиција на Здравје Радово, на партнерскиот однос со фармерите, вложувањата во нивна едукација, во набавка на лактрофризери и јуници, и пред се во развој на своите брендови кои континуирано го подобруваат својот квалитет.
Со откуп од близу 100.000 литри млеко месечно, млеко-преработувачката индустрија Здравје Радово е најголемиот откупувач и преработувач на млеко во Македонија. Се откупуваат сите расположливи количини на млеко од своите кооперанти кои ги задоволуваат строгите микробиолошки и хемиски стандарди. Во моментов Здравје Радово соработува со повеќе од 2.000 фармери, како и со најголемите фарми во Македонија, како што се ЗИК Пелагонија, ЗИК Струмица и др. а е и најголемиот извозник на млеко и млечни производи во регионот.
Во своите идни планови Здравје Радово има намера да го зголеми портфолиото на производи, и тоа пред се со производи кои ги бараат потрошувачите, како и во зголемување на извозот од што ефект би имале сите: фармерите би добиле сигурност за пласман на млекото, потрошувачите квалитетен производ, а македонската економија фактор на стабилност и раст.