Немаат канцеларии, а ниту спонзор на дресовите. Раководните луѓе се студенти, претседателот им е пожарникар, фудбалерите играат од ќејф, а имаат и верна навивачка група која раководи и ја бодри страствено екипата на секој меч.
По освоеното Скудето во месец мај, италијанскиот шампион годинава "ќе освои" уште едно и тоа следниот викенд. Трибините на кои пред две недели дивееа навивачите на Наполи, сега ќе ги пополнат со над 6.000 деца кои ќе ги учат убавите страни на фудбалот.
Босанците исто како и нас не можат да се пофалат со некоја силна и квалитетна фудбалска лига, но додека во македонското првенство градските дербија се играат среде бел ден со скромна навивачка атмосфера и неколку стотици гледачи, таму таквите натпревари се рамни на религија.
Навивачите на Наполи склучија примирје со сопственикот на пабот кој настрада од 30 ултраси пред натпреварот Арсенал-Наполи во рамките од Лигата на шампионите. Тие ќе собираат пари за направената штета.
До каде ќе оди лудоста на УЕФА и нивното „покажување на заби" на клубовите од истокот? Полскиот клуб Легија Варшава заработи казна заради сомнителен фонт на една буква од транспарент, како и нацистички тетоважи на навивачите.
Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп беше избркан од натпреварот против Наполи во Лигата на шампиони заради недоличното однесување, по што второто полувреме го догледал преку ТВ заедно со хаусмајсторот на стадионот Сан Паоло.
За Тарту Велко Електер сигурно слушате прв пат затоа што се работи за аматерски фудбалски клуб кој се натпреварува во четвртата лига во Естонија. Оформен е од страна на студенти пред 5 години, а почнал да се натпреварува во најнизок ранг, а тоа е шестата лига.
Навивачите на францускиот второлигаш Ленс на натпреварот против Бастија го одбележаа почетокот на новата сезона со одлична кореографија со мотива од играта Space Invaders.
Интересна слика кружи на Твитер. Премиерлигашот Ливерпул ќе ги учи своите навивачи како да се одвикнат од дискриминирање за време на натпреварите на „Енфилд Роуд“. Клубот подготвил листа на зборови кои обично се користат за навреди и кои не ги прифаќа и за време и по натпреварите.
Двајца навивачи на Портсмут го искористија моментот додека работеле на изградбата на тренинг центарот на нивниот најголем ривал Саутемптон и сокрија дрес и шал од нивниот клуб во еден од ѕидовите.
Новото засилување на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг не трошеше време за да ги импресионира своите работодавци со спринт побрз и од Усеин Болт.
Кога Македонија губи од Андора и ги потценува аматерите ќе разбереме, но вчерашната реакција на дел од навивачите на Мајами Хит кои немаа 20 поени негатива на 2 минути до крајот, туку само 5 коша помалку од Спарси на 30 секунди до финишот не е никако за оправдување. Момците се изборија за мајсторка, а на некои изгледа му беше поважен Мекдоналдс.
Вообичаено е навивачите да бараат победи од фудбалерите на клубот за кој навиваат, но аргентинси навивачи им наредија на своите играчи да загубат за нивниот ривал да испадне од лига.
Кога ќе стигнете на Вембли, одма се осеќа духот кој овој стадион го има. Како да знаеш дека влагаш на место кое има историја од 100 години неверојатни утакмици. Сум акал по многу стадиони у светов, ама ретко да осетиш таква енергија како овде.
По пауза од 19 години, фудбалерите на ПСЖ со помош на арапските милиони дојдоа до титулата, но нивната прослава која се одржуваше низ улиците на Париз беше прекината откако навивачите започнаа војна со полицијата. Епилогот е 21 уапсен и 30 повредени.
Челниците на Шалке беа пресреќни по обновувањето на договорот со нивниот фудбалер Јулијан Дракслер па се пофалија со билборди на камиони кои кружеа околу стадионот на најголемиот ривал.
Ахмед Буриќ, редовен колумнист на Радио Сараево, парафразирајќи ги „11-те тези за Фоербах" од Маркс, раскажува зошто германското финале на Лигата на шампиони е мерак за сите кои се умориле од денешниот распоред на фудбалската (не)правда на овој свет.
Борусија Дортмунд е првиот финалист во Лигата на шампиони. Реал Мадрид извојува пирова победа од 2:0 и Германците со вкупни 4:3 се пласираа во финалето од најелитното европско клупско натпреварување кое ќе се одигра на 25 мај на Вембли.
Фудбалерите на Жозе Мурињо треба да го одиграат натпреварот на годината и да блеснат во најдоброто можно издание за да ја анулираат високата предност на Борусија од првиот дуел. Пример треба да им биде Депортиво кој во 2004 година го шокираше Милан.
Екипата на Борусија Дортмунд го следеше примерот на Баерн Минхен и со четирите гола на фантастичниот Левандовски го декласираше Реал Мадрид со 4:1 на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. На повидок е германско финале.
Пред почетокот, но и во текот на целата сезона, кладилниците сметаа дека Барселона е најголем фаворит за освојување на Лигата на шампиони, но го сменија своето мислење по извлекувањето на полуфиналните парови. Сега фаворити се Реал Мадрид и Баерн Минхен.