За Тарту Велко Електер сигурно слушате прв пат затоа што се работи за аматерски фудбалски клуб кој се натпреварува во четвртата лига во Естонија. Оформен е од страна на студенти пред 5 години, а почнал да се натпреварува во најнизок ранг, а тоа е шестата лига.
Но тоа не е причина екипата на Тарту да не добие поддршка. Само неколку навивачи беа доволни аматерските фудбалери да бидат пречекани маестрално со сите нишани и да се почуствуваат како да се Пеле, Марадона и Меси.