Колку пари ви требаат да гледате европски клуб?

За во живо да ги следите натпреварите на еден европски клуб деновиве треба да издвоите мало богатство.

По изговор дека треба да се спречи насилството на стадионите и да се направи простор за фамилијарно одење на натпреварите, оние кои најмногу се засегнати за резултатите и кои најмногу ги сакаат клубовите мораа да се преселат од трибините пред телевизори, а стадионите се наполнија со публика со подебели џебови.

Високите цени на влезниците најмногу до израз доаѓаат во Англија, Многу прав се крена минатата сезона кога навивачите на Манчестер Сити не сакаа да платат 62 фунти (околу 75 евра) и му вратија 900 влезници на Арсенал.

За ова се пишуваше во медиумите, навивачите протестираа, но ситуацијата не се смени.

И оваа сезона јаскапи за гледање се натпреварите во Премиер лигата. Најефтините влезници се околу 35 евра, а најскапите околу 70.

Малку пониска е цената на најефтините карти во Шпанија кои чинат околу 30 евра, но најскапите се околу 125. Ова се цени за оние кои сакаат подобри седишта на натпреварите на Барселона или Реал Мадрид.

Во Италија влезниците се движат од 17 до 110 евра, а во Германија од 12 до 50. Токму затоа и стадионите во Германија се најисполнети.

Кај нас цената на влезниците се движи од 50 до 150 денари.

Просечна цена на сезонски влезници:

Најефтини:
Серија А - 197,7 евра
Бундеслига - 248 евра
Примера - 278.9 евра
Премиер лига - 560,8 евра

Најскапи:
Бундеслига - 658,4 евра
Примера - 959,6 евра
Премиер лига - 1.037 евра
Серија А - 1.982,5 евра

2 декември 2013 - 09:44