Во 1979, додека бил на европска турнеја, Том Вејтс oдржал концерт и во главниот град на Австрија, и се согласил да мине еден ден со филмска екипа. Погледнете го: има само 30 години, раскажува ко некој врач, и е многу сладок.
Кошаркарската репрезентацијата на Македонија предводена од Антиќ и Мекејлеб извојува победа над Грција во завршните минути од подготвителниот натпревар на турнирот во Германија.
Секоја нова генерација на богаташи има свој фетиш на кој сака да ги троши парите. Во 80-те, Јапонците се палеа на купување на Рокфелер центарот, во 90-те Русите сакаа да купуваат секакви недвижнини низ Европа, минатата деценија принцовите од Емиратите градеа скијалишта низ пустини. Сега е ред на Кинезите.
Фудбалерот на Динамо Загреб најверојатно постави некој рекорд, а воедно го доби и нашето ценето признание за офсајд лик на денот. Анте Рукавина заработи црвен картон по само 30 секунди откако влезе во игра.
Откако се ослободи содржината на една врска (маж-жена, маж-маж, жена - Ајфелова кула), на ред е да се еманципира и бројката. Сексолози сметаат дека моногамијата ќе го изгуби својот монопол за само десетина години.
Треба да свири претходната вечер ама дождот ја одложува свирката. Еве го насабајле, 8:30 часот, ѓубре неисчистено од претходната вечер, пред 40.000 луѓе. Вудсток, 18-ти август, 1969-та година. 56 минути.
Добрите резултати и големите ѕвезди не беа доволна причина за публиката да дојде во голем број на стадионот Лужники каде се одржува Светското атлетско првенство. Московскиот стадион зјае празен, а организаторите се правдаат со големата горештина.
Основачот на Пејпал и Тесла моторс ги претстави деталите од својот транспортен систем хиперлуп кој треба да ги поврзува Лос Ангелес и Сан Франциско. Ќе дојде ли кај нас и кои денови ќе биде бесплатен за пензионери?
Воопшто не е изненадување што изминатата сезона се продадени најмногу дресови со името на Робин ван Перси, но вчудоневидува фактот четвртина од сите можни продадени дресови во Англија се со името на Робин ван Перси.
Од 10. до 18. август Москва ќе биде домаќин на „најголемото" светско првенство. Започнува 14. Светско првенство во атлетика на кое ќе настапат 1.974 натпреварувачи од 206 земји кои ќе се борат за награден фонд од 7.194.000 долари и 100.000 долари за секој срушен светски рекорд.
Во некои од американските кругови постои загриженост од фактот што фертилитетот на американската жена е на рекордно ниско ниво. Па паника што ќе стане со нацијата и слично. Разумните потсетуваат дека наместо за бројките, попаметно е да се води сметка за поддршка на постоечките семејства.
Целиот процес за правење на постер во Фотошоп. Оригиналната изработката трае околу 30 работни часа, ама собрана е во неколку минути. Сè е компјутерски ама сè е рачно, така некако му доаѓа целото ова видео.
Само не знам кој повеќе е за тепање или ебање, агенцијата, газдите на вилите, локалците или пак ние кои одиме и им ги даваме тешко заработените пари, во овој случај во Скијатос, светскиот туристички центар - на дополнителни трошоци и ситни букви.
На Французите мора да им се оддаде почит за напорот да стават јазична, па оттаму и културна брана, од туѓите влијанија. Секако, тие на долги стази ќе се покажат залудни. Но барем идните генерации ќе знаат дека некој некогаш се обидел.
До крајот на трансфер периодот има уште скоро цел месец, а неколку ангажмани на фудбалери веќе ги срушија рекордите во некои земји и клубови. Најмногу до сега ќесето го одврзаа газдите во Англија и Франција.
Одличната форма која нашиот капитен ја круниса со четири погодоци на исто толку пријателски натпревари за Наполи, најпрестижниот портал за фудбал „Goal.com" ја награди со титулата најдобар фудбалер за изминатата недела.
Нема поголем подвиг од триумф на таканаречената „Најтешка човечка трка во светот". Овој ултрамаратон кој професионалците го трчаат за минимум 1 ден е долг 217 километри, но до целта се стигна преку „Долината на смртта", пустинска котлина со најголема суша каде летно време температурата достигнува до 50 степени.