Пилешко

Пикантни пилешки батаци

Печено пилешко со рузмарин и чили.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
50 мин.

Вкупно време:
1ч. 5 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 3 лути пиперчиња, ситно сецкани
  • 1 лажица ситно сецкан рузмарин
  • 2 лажички рендана кора од лимон
  • 2 чешниња лук, ситно сецкан
  • 4 лажички маслиново масло
  • 8 пилепки батаци без кожа
  • 600гр. компири, излупени и крупно исецкани
  • мешана салата

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете два плеха со хартија за печење. Измешајте ги пиперчињата, кората од лимон, рузмарин, лук и масло во еден сад и истолчете ги. Потоа со оваа смеса премачкајте ги пилепките батаци. Покријте ги во еден сад и оставете ги да се маринираат 1 час.
Префрлете ги батаците во еден плех. Додадете малку маслиново масло. Печете ги 30 минути. На половина од печењето превртете ги.
Во меѓувреме ставете ги компирите во сад со 2 лажици вода. Гответе ги во микробранова печка 5 минути на најголема јачина. Исцедете ги од водата и поставете ги во другиот плех. Додадете малку маслиново масло врз компирите и печете ги во рерна 20 минути.
Послужете го пилешкото и компирите заедно со мешана сезонска салата по избор.
На здравје!

15 август 2013 - 10:36