Се играше 71. минута од натпреварот помеѓу Динамо Загреб и Австрија Виена во плеј-оф колото за пласман во Лигата на шампиони. На местото на Чопа во игра влезе Анте Рукавина, но неговиот престој на теренот не траеше ни една минута.
Напаѓачот на Динамо со високо крената нога стартуваше кон сонародникот од противничката екипа, Рогуљ, а главниот судија, познатиот лик Хауард Веб, не се двоумеше и веднаш му покажа директен црвен картон.
Екипата на Динамо веќе губеше со 0:1, а Рукавина ги остави на цедило и со играч помалку тие не изржаа многу па примија уште еден гол за конечни 0:2 и огромна предност за Австрија во пресрет на реваншот на нивен терен.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.