Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
40 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 лажица сончогледово масло
- 2 лажици сенф
- 2 главици кромид, крупно сецкан
- 1 зелена лута пиперка, сецкана
- 500гр. карфиол, исецкан
- 1 поголем сладок компир, ислупен и исецкан на коцки
- 1 модар патлиџан, исецкан на коцки
- 2 моркови, излупени и исецкани
- 400гр исецкани домати од конзерва
- 2 свежи домати многу ситно сецкани
- 2 чешниња лук, исецкан
- 1 лажица рендан ѓумбир (или 1 лажичка зачин во прав)
- 1 лажица кари
- 1 лажичка куркума (тумерик)
- 600мл. зеленчукова супа сварена од коцка
- 100гр. зелена боранија
- 1 лажица сок од лимета
- 2 лажици печени бадеми, исецкани
- 2 лажици ливчиња кориандер или магдонос
Подготовка
Загрејте масло во длабока тава на силен оган. Пржете го кромидот и луто пиперче зачинети со сенф.
По 5 минути додадете карфиол, сладок компир, модар патлиџан, моркови, доматите од конзерва, лук, ѓумбир, кари, куркума, зеленчуковата супа од коцка и 1/2 лажичка сол. Покријте ја тавата со капак и оставете мал отвор. Кога ќе зоврие гответе ја чорбата на потивко 30 минути со повремено мешање.
Потоа додадете боранија, сок од лимета и половина од свежите домати. Зачинете по вкус со сол и бибер и гответе 5 минути додека да омекне боранијата.
Поделете ја кари чорбата во чинии. Додадете во секоја порција сецкани бадеми и остатокот од свежите сецкани домати. Декорирајте со ливчиња кориандер.
На здравје!
* По желба во чорбата можете да додадете сецкани шампињони