Свинско

Свински специјалитет

Свинско во павлака со компири.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1кг. компири, излупени и исецкани
  • 60мл. маслиново масло
  • 600гр. свинско, исецкано на помали парчиња
  • 1 главица кромид, сецкан
  • 2 чешниња лук, ситно сецкан
  • 400гр. печурки, исецкани
  • 60гр. путер
  • 100гр. спанаќ, исецкан
  • 2 лажици сецкан магдонос
  • 1/4 лажичка морско оревче
  • 240гр. кисела павлака
  • црвен пипер за декорација

Подготовка

Ставете ги компирите во тенџере со посолена вода и зовријте ги на среден оган. Варете ги 6 минути додека да омекнат па процедете ги.
Загрејте 2 лажици масло во голема тава на силен оган. Зачинете го свинското со сол и бибер и пржете го по 2 минути додека да добие светло кафеава боја. Потоа тргнет его во чинија.
Загрете го остатокот од маслото во тава. Намалете ја јачината на ринглата и пржете го кромидот со лук и печурки. Гответе ги 8 минути додека да се испржат печурките.
Загрејте путер во поголема тава на силен оган. Додадете ги компирите, зачинете ги по вкус и пржете ги 6-7 минути додека да добијат златно жолта боја. Додадете спанаќ и магдонос и промешајте. Гответе ги уште некоја минута
Додадете морско оревче, две третини од павлаката и 125мл. вода во тавата со печурките. Кога ќе зовријат додадете го свинското и гответе го уште 10 минути. На крај додадете го остатокот од павлаката.
Послужете ги компирите заедно со свинското и зачинете со црвен пипер.

5 август 2013 - 07:00