Писма на деца бегалци во Егејска Македонија

Само не знам кој повеќе е за тепање или ебање, агенцијата, газдите на вилите, локалците или пак ние кои одиме и им ги даваме тешко заработените пари, во овој случај во Скијатос, светскиот туристички центар - на дополнителни трошоци и ситни букви.

Здраво Трендо,

Во прилог ти праќам 3 слики, чисто да видиш каков е погледот на море кој го нуди Т.А. Фибула. Погледов е сликан од горниот кат на објектот. Од долниот кат погледот верувам дека е уште пофасцинантен.

Истава прилика би ја искористил за да кажам уште неколку збора за фасцинантниот и воодушевувачки одмор кои ни го пружија Фибула, сопствениците на објектите (таканаречени вили), како и целиот остров Скијатос.

- Би почнал од превозот во кој имаше група од неколку послабо цивилизирани млади луѓе, кои си дадоа слобода на ноќното патување да урлаат, ждригаат и прдат, а водичот на патувањето - ценетата Кристина, во ниеден момент не најде за потребно тоа однесување да го осуди или прекори.

- Вклучениот превоз во понудата вклучување товарење во автобус и поаѓање од Скопје, истовар на пристаништето Волос и претовар на багажот на траектот за Скијатос. Истиот тој багаж беше сместен (фрлен) во кафези. По пристигнувањето во Скијатос, багажот повторно го истоварувавме од траект и го товаревме во мини камионче, а ние стигнавме до објектот со автобус, пред кој објект го најдовме багажот истоварен (нафрлан). Да напоменам дека сместувањето беше на пола пат од никаде, каде за било каде да појдеш, дали на плажа, дали во град, дали во Керфур, треба да платиш автобус (1.6 до 2 евра во правец по човек) или пак такси (10-15 евра во правец).

- Влез во собата остваривме во 14:00 (а пристигнавме во 10:00). Изговор беше дека тие што биле пред нас оставиле многу нехигиенски услови и не можеле чистачките (жената пензионерка на газдата и нивната внука) да постигнат. Побарано беше разбирање од наша страна кое безрезервно го добија.

- Во ниеден момент не беше кажано дека собите немаат пешкири. Новиот водич - Јулија беше фасцинантно изреволтирана дека не нè информирале од Фибула во Скопје за тоа, а во компензација за тоа ни понуди инстант брзо да не информира и да ни понуди од турите со брод кои ги нуди (за нивната цена не би навлегувал во моментов)

- Греењето на вода за туширање беше исклучиво со сончеви колектори, па навечер не ни сонувај дека ќе има топла вода. А на зајдисонце топла вода има, ама кога ќе влезат во 2 соби луѓе да се тушираат немаше вода, а не топла вода. Повторно беше побарано разбирање од наша страна, бидејќи целиот остров го имал тој проблем, нели, така, разбирате...

- Далечински од клима и телевизор не добивме и после 6 барања, ама затоа пак повторно - во замена бевме информирани за турите околу островот. :)

- Газдата на Димитрос (ваљда он се викаше Димитрос), беше многу еколошки свесен, секаде имаше ставено 30-40W сијалици, ама не од новите, па светлото низ собата беше многу погодно за романтика, или евентуално жмурка.

- Редовно под терасите поминуваше жената на Димитрос, бидејќи, нели, требаше да си копне во бавчата, да си набере домати, итн. А воедно и да провери дали некој ја уклучил климата а не му се двата слоја врати затворени, или пак недај боже светлото во собата или тоалетот преку ден уклучени. По завршената обиколка и поднесен извештај до Димитрос следеше негово санирање на проблемите проследено со викање и дерење (на entry level English), пцуење (на hardcore level грчки). Врв на возбудата беше кога во 3 саат сабајле искочи по гаќи и вриштеше зашто сме седеле до тогаш и сме играле карти и правеле муабет. Цитирам: "agsrwedudsraasdrhopihlksjdra..., tomorrow call Julija...., asghowpetnlagso..., go home..., hasopdrahopriwlngkj..., leave room..., tomorrow..., hwenmlkqwenopghio..., sleep all day - speak night..., lhalsidhroiwehrwebnalrb..., tomorrow...". Вистина, спиевме по цел ден, 9 сабајле, кога се уклучуваше косалката за трева. :) На поплаките упатени кон Јулија добивме ццкање, револтираност и муабет (во доверба) дека догодина веќе нема да соработуваат со овие вили. Ставам кладба дека пак ќе ги имаат истите понуди.

- Доволно за газдата, ајде малце за Охриѓани, пардон за Скијачани. Најпрво би го истакнал тоа што редот во автобусите го воспоставуваше (на повик) специјална единица, пандан на нашите Алфи, тетовирани набилдани батки, со црни ракавици, кои непримерните туристи со клоци и боксови ги исфрлаа од автобус. Бидејќи нели така се одржува редот и мирот во еден светски туристички центар и земјата лулка на демократијата.

- Превозот беше фасцинантен 4-5 автобуси кои покриваат траса од 15тина километри. Возниот ред беше на секој 15 минути, освен во ударните термини кога доаѓаа на 45 мин, па така од славните плажи Banana и Koukounaries ако си тргнал накај дома во 7 успеваш да стигнеш околу 11 (и тоа со тепање за влез во автобус, тепање за излез, а понекогаш и тепање во време на возењето)

- Туристичките услуги на ниво, исто и цените. Пример, палачинка е 2.5евра, ама тоа е без ништо во неа. За крем обичен 0.5 евра доплата, за банана 0.5е, за нутела 1е, итн. Во гирото ако не си побараш кечап или сенф, во никој случај не иде. Чисто да не им се меша на трите компирчиња кои се бркаат во питата.

- Цената на изнајмување на скутер/мотор/кола зависи од тоа во кој период од летото си таму, дали има истоварено траект во моментот, како и дали му е ден на газдата. Исто така зависи од агенција до агенција дали воопшто ќе ти изнајми скутер. Некогаш бараат А категорија, некогаш не... Во секој случај и кога ќе се договориш за цена, биди спремен дека ке ти биде учукан и данок, осигурање, кациги, итн. Или пак таму кај што ќе ти бидат вклучени, ќе добиеш крш мотор како и половина ден помалку од договореното. И да, горивото сам си го ставаш.

- Биди спремен дека во рестораните може да ти биде учукано и ненарачано апетисани, сосови или пак лепињи.

- Секоја чест на ретките исклучоци. На пример хотелот над нас, каде после 17:00часот си нарачуваш коктел(иште) за 5 евра и се бањаш во базенот со солена вода (со поглед на море) и неограничено интернет, лежалки, итн. Или пак на пример ресторанот до нас, каде имаше една фасцинантно релаксирана атмосфера, каде можеш да си играш со кучето, пиеш пивце, седиш на интернет, па и да добиеш некоја кригла гратис, од куќата.

Мислам дека тоа би било од мене, а мислам дека и поинтересен текст би добил и од некој сместен во другата вила - Panos, каде плаќаа 50 евра поскапо, зашто нели вилата имаше и базен, кој можеш да се бањаш само ако нарачаш 2-3 пијачки, или ако си девојка и сопственикот ако се бања со тебе. Во секој случај за тие 50 евра добиваш и чувар - сопственикот, кој навечер завиткан во чаршав, со пушка на рамо кружел окололу вилата. И за соодветна разделба на крајот гол им се соблекол и мафтал со половиот орган.

Има и уште мал милион прикаски, ама верувам дека ќе има и други кои би сакале да се пофалат од овој одмор.

Само не знам кој повеќе е за тепање или ебање, агенцијата, газдите на вилите, Скијачани или пак ние кои одиме и им ги даваме тешко заработените пари, во овој случај во Скијатос, светскиот туристички центар - на дополнителни трошоци и ситни букви.

Искрен поздрав
Бобан

7 август 2013 - 10:14