Предјадења

Леќа со спанаќ

Необична компбинација од леќа и спанаќ.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 300гр. леќа
  • 1 лажичка кумин
  • 1 лажичка сенф
  • 1/2 лажичка буковец
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 кромид, ситно сецкан
  • 3 чешниња лук, исецкан
  • 1 лажичка ѓумбир
  • 400гр. излупени исецкани домати
  • 1 лажичка пеќер во прав
  • 100гр. спанаќ
  • 2 лажици сецкан кориандер
  • препечен леб

Подготовка

Измиената леќа ставете ја во тенџере со студена вода на среден оган. Кога ќе зоврие варете ја 5 минути па процедете ја.
Во поголема тава загрејте масло и додадете кумин, сенф и буковец. Промешајте па додадете кромид, лук и ѓумбир. Гответе ги со мешање 2-3 минути.
Додадете домати, шеќер и процедената леќа. Гответе ги 15 минути со повремено мешање. При крај додадете го спанаќот и кориандерот.
Послужете го овој специјалитет со препечен леб.
На здравје!

7 август 2013 - 07:00