Еден перуански фудбалер можеби ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди откако му беше наредено да патува 900 километри за да учествува во 8-минутен натпревар, а тој беше заменет по неколку секунди без да ја допре топката.
Пред почетокот на новата сезона во англиската Премиер лига која ќе биде одбележана со новите тренерски имиња на трите водечки клубови помеѓу кои и Жозе Мурињо, португалскиот стратег го откри патот до успехот со екипата на Челси.
Поранешниот асистент на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, Рене Меленстен ќе биде запишан во некоја книга на рекорди, но по лошо. Тој издржа само 16 денови на клупата на рускиот клуб Анжи.
Ударот од белата точка е "коњак" позиција за фудбалерите од каде ретко грешат, а за добрите мајстори на „слободни удари" спортските коментатори знаат да кажат дека ова е половина пенал. Професори од САД докажуваат дека и од корнерите имало голем ќар.
Првиот шут со топка на официјален напревар се случил во колевката на фудбалот, Англија во далечната 1860 година, а честа до денес да ја сочуваат традицијата ја имаат Шефилд и Халам кои овој викенд ќе ја одиграат меѓусебната 153-та дерби пресметка.
Нашиот најдобар ракометар кој пред само една недела стана член на гигантот Барселона, најважните моменти од својата кариера ги сподели со јавноста во својата автобиографска книга „Седум".
Жозе Мурињо се врати во Челси, клубот кој го напушти пред неколку години кога наместо во Интер за малку можеше да заврши на клупата на клубот каде во моментов тој важи за непријател број 1.
Млади, но веќе докажани талентирани играчи во своите клубови и незаменливи репрезентативци од кои се очекува да блеснат на Купот на Конфедерации кој за два дена почнува во Бразил. Според имињата нема да ви бидат баш познати, но вреди да се погледнат нивните настапи.
Бразилскиот нисколигаш Ибис Спорт Клуб кој со скоро 4 години без победа влезе во Гинисовата книга на рекорди, доби голема желба да заигра против европскиот и светски фудбалски шампион Шпанија.
Спортот ги обединува луѓето, тоа е веќе докажано. Ги носи на врвот победниците, но ги разочарува губитниците. Често пати носи и ризици со кои се носат самите спортисти, но знае и да ги исполни соништата на оние кои во некој миг од животот предвреме и кажале збогум на кариерата.
Се уште неофицијално и непотврдено од Гинисовата книга на рекорди, но навивачите на Бешикташ тврдат дека на последниот натпревар на стариот Инону стадион го срушиле претходниот светски рекорд на гласните навивачи на Галатасарај.
Повредата на Коби Брајант како голема трагедија одекна во светот на кошарката. Тој има 34 години и многумина прогнозираа дека неговата кариера е завршена., но Коби е решен да се врати на паркетот, а познавајќи ја неговата работна етика, тој ќе го стори тоа како во најдобрите денови.
Со ваков наслов на книга поранешниот бразилски напаѓач Валтер Казагранде решил да си го опише бурниот живот со низа успеси во неговата 15 годишна кариера, но и со големата зависност од сите можни дроги кои ги земал како млад.
На листата на чекање за сезонски влезници за натпреварите на НФЛ тимот Грин Беј има 105.00 имиња, па ако сега ви текне да аплицирате, ќе чекате над 900 години.
Одлуката на УЕФА за Европското фудбалско првенство за 7 години да се одржи во 13 земји, покренува многу праша околу организацијата. Светските медиуми дури и се сомневаат дека сето ова го наложил Мишел Платини од лични причини.
Неколку жители на САД, помеѓу кои е и еден советник на Шварценегер, го дадоа на суд Ленс Армстронг заради лагите во неговите книги во кои тврди дека ги освојувал титулите благодарение на макотрпен тренинг.
Пол Старџис кој го доби прекарот „Високиот Пол" луѓето ги гледа од повисоко. Со 232 см тој е највисокиот кошаркар во светот и втор највисок човек во Англија. Неговиот сон е да го облече дресот на кошаркарската репрезентација на Велика Британија.
Човекот кој работи во сенка во екипата на Фиорентина не и е многу познат на јавноста, но тој го носи прекарот "магионичар" затоа што за 38% проценти од постигнатите голови на „Виолетовите" заслугите му ги препишуваат нему.
Сте слушнале ли за Арчи Томсон? Фудбалерот за кој што најверојатно никогаш не сте слушнале овој викенд постави втор светски рекорд. Тој има постигнато најмногу голови и најбрз хет-трик на интернационален натпревар.
Во новата книга на официјалниот клупски фотограф, Мигуел Руиз, се објавени до сега неприкажани фотографии од фудбалерите на Барселона по елиминацијата од Челси во полуфиналето од Лигата на шампиони.
Ричард Фицпатрик во неговата книга „Ел Класико: Барселона - Реал Мадрид, најголемото фудбалско ривалство", ја раскажува приказната за развојот на Лионел Меси од мало плачливо дете до најдобар фудбалер на планетата.
Во 96-та година од животот почина Ајвор Пауел, поранешниот репрезентативец на Велс и човекот кој е запишан во Гинисовата книга на рекорди како најстар фудбалски тренер во светот.
Жозе Мурињо помина две сезони во Интер и за тоа време имаше „среќа" да соработува и со Марио Балотели за кого може да напише цела книга со комични случувања. Една таква случка тој ја опиша во интервју за СиЕнЕн.
Легендата на Манчестер Јунајтед продолжува да восхитува и на 38 години. Тој ќе биде сопственик на четири рекорди во изданието за 2013-та година на Гинисовата книга на светски рекорди.