Ајвор Пауел е роден на 5 јули 1916-та година во Велс, а својата професионална играчка кариера ја започнал во 1937-та година како член на Квинс Парк Ренџерс. Бил член и на Астон Вила, Порт Вејл, Бери Таун и Брадфорд Сити, а осум пати го носел дресот и на репрезентацијата на Велс.
Во 1951-та година ја започнал тренерската кариера и ги предводел тимовите на Порт Вејл, Брадфорд, Карлајл, Бат Сити и грчкиот клуб ПАОК.
Од раните 70-ти години тој е тренер на фудбалската екипа на Универзитетот Бат и во 2006-та година влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар фудбалски тренер.
Во мај 2010-та година, на два месеци пред да наполни 94 години, Пауел замина во пензија.