Капитенот на македонската ракометна репрезентација потпиша договор со Барселона на 7 јуни кога му заврши еден циклус од неговата кариера, книгата почнува од 7 до 77 страница, во 7 глави, со 7 фотографии во боја и со ставови на 7 негови пријатели за кариерата на Лазаров.
Книгата ја создавал од натпревар во натпревар, помеѓу авионски летови, со зборови напишани на многу ливчиња, а посветена е на неговите родители за кои вели дека им е засекогаш благодарен.
„Не ми е лесно да одберам зборови за да опишам колку сум среќен и исполнет поради овој проект кој е многу поразличен од одење на светско или европско првенство, особено зашто немам топка во рака и немам прес да одговарам на прашања. Нема да прочитате многу имиња во книгата, но ќе ги препознаете, како што ќе ги препознаете некои од ситуацииите. Може и вие ќе се пронајдете. Ги менував текстовите додека не се добие суштината. Но секојпат ги добивав истите емоции. „Седум" е прв чекор од останатие шест што следуваат. Се надевам дека мојот татко кој не е меѓу нас, го слуша сето ова и се надевам дека за миг се симна да биде меѓу нас ", изјави Кирил Лазаров.
На промоцијата беа присутни колегите од репрезентацијата, поранешни и сегашни ракометни селектори, како и голем број на новинари, а за книга со личен потпис од нашата ракометна гордост се чекаше во долги редови.