Членовите на Стокпорт Албион и Манчестер Роверс играа цели 3 дена и ќе бидат запишани во Гинисовата книга на рекорди.
Фудбалерите поминувале на терен по 5 часа, а покрај теренот биле поставени шатори каде тие се одмарале. Натпреварот кој траел 72 часа или колку 48 нормални натпревари, го добиле фудбалерите на Стокпорт Албион со резултат 603:462.
Досегашниот рекорд го држеа фудбалери од Холандија кои минатата година играа 62 часа.
Натпреварот бил организиран во хуманитарни цели и биле собрани 25.000 фунти кои ќе бидат донирани на локална детска болница.