Викендов турскиот клуб Бешикташ го одигра последниот натпревар на стариот Инону стадион кој ќе се реновира и повторно ќе биде во функција по 18 месеци.
Збогувањето со стариот стадион беше мотив за 35.000 навивачи на Бешикташ да го урнат светскиот рекорд за најгласни навивачи на стадион. Според нивните мерки, тие поставиле нов рекорд со 141 децибели.
Се уште нема потврда дали оваа мерка е официјална, а во Гинисовата книга на рекорди стои запишан рекордот на навивачите на Галатасарај. На натпреварот против Фенербахче на 18 март 2011-та година, јачината на галамата која тие ја направиле изнесувала 131,76 децибели.
По завршувањето на натпреварот, навивачите на Бешикташ ги откорнаа столчињата, стативите, тревата и се друго што можеше да се откорне и однесе дома како сувенир од стариот стадион кој замина во историјата.