Дебаклот на МИТ со Епстин е проституција на интелектуалната активност, за чие санирање е потребно затворање на МИТ Медиа лаб, укинување на ТЕД говорите и отфрлање на парите од технолошките милијардери.
Меритократијата е концепт кон кој ние уште немаме тргнато (заради партии, непотизам и другите овдешни богови) а некаде тој веќе на големо ги покажува и своите грди страни.
Две важни работи од интервјуто на Џорџ Р.Р. Мартин за Гардијан се дека: 1. Уште до никаде не е стигнат со пишувањето; 2. Не му прави нешто многу разлика крајот на серијата, ама фино што заврши.
Нова студија разгледува што е заедничко за луѓето што го држеле рекордот за (или биле околу) најстар човек на планетата. Открива дека магичната состојка не е ни здрав живот, ни мир, ни жени, ни пари, ни среќа, ни што и да е мантрата што некој сака да ви ја продаде, туку - лоша евиденција на книгите за родени.
Народната ослободителна армија има правна основа да интервенира во Хонгконг со цел „зачувување на општествениот поредок“ ако тоа биде побарано од нејзе, гласи ставот на кинеското министерство за одбрана за сите што прашуваа за оваа опција.
Навидум банална вест - улица во Велс станала рекордер, како најстрмна на светот. Но таа е стара неколку векови, што го покренува прашањето, како тоа некоја друга до сега фигурирала како најстрмна?
Прастарата бодибилдерска нервоза гласи „секој ден по 2 саати да читав книга, наместо да кревам тегови, до сега 5 факултети ќе завршев“. Ако е некаква утеха за билдерите, има и бетер, а тоа се луѓето што играат Кенди краш.
Поглаварот на римокатоличката црква промени секвенца во веројатно најчестата молитва на христијаните, онаа со која го започнуваме секој семеен ручек фатени за раце, молејќи се да не е боранија.
Државно училиште во Барселона прави чистка во својата библиотека на книги кои „континуирано повторуваат токсични родови стереотипи“. На пример книги како Црвенкапа.
Минатата недела повеќе луѓе кои работеа на кампањата на Хилари во 2016, кој јавно кој анонимно, ги искажаа своите фрустрации околу претседателската кандидатура на Сандерс за 2020.
Во пресрет на денот на жената, кога настанува една сè општа позитивна шопинг еуфорија во потрага по совршениот подарок за жените, сигурно добро ќе ви дојдат неколку препораки за да го одберете вистинскиот подарок за неа.
Говорејќи на годишниот состанок по Оскарите, како гувернер на Академијата за филмски уметности и како Спилберг, режисерот се отворил против давањето Оскари за филмовите кои доаѓаат од стриминг сервисите (Нетфликс, Амазон прајм и сл.).
Пред некое време Фејсбук потсети дека полни 15 години, а луѓето што го користат од почеток се потсетија дека за ова време минаа цела лепеза на чувства кон социјалната мрежа од првичната затресканост во нејзе до сегашната омраза и презир за нејзината штетност.
Марк Галеоти е автор и експерт на тема руска политика и криминал, чија главна порака од сета таа експертиза е дека Западот комплетно погрешно го има протолкувано Путин како и комплетна Русија.
Потребно е историчари да излезат на телевизија и да објаснат што се случува, затоа што кога беше економската криза само економисти беа интервјуирани на ТВ, а ова се токму истите луѓе кои не видоа дека кризата надоаѓа, порачува историчарот кој направи организаторите на Светскиот економски форум да се пишман што воопшто го поканија.
Иако немаат конкретен план за ова, најблиските советници на францускиот претседател знаат дека таков случај ќе му дозволи тој да се претстави како „ужален вдовец“, се тврди во новата книга „Мадам претседател“ напишана од две француски новинарки.
Еден од главните мераци на Трамп на новата позиција е своите гости да ги шета низ Белата куќа, тура која за поблиските вклучува и посета на местото каде Бил Клинтон и Моника Левински систематски доведоа до импичмент на Бил.
На младите им е неподносливо дека овде цел живот ќе треба работат само за да можат да преживеат додека родителите не им цркнат и после да ја добијат недвижноста што родителите им ја стекнале во социјализмот.
Разликата меѓу американски и македонски политичари е во тоа што за првите нивниот мандат е сеидба за подоцна евентуално да пожнеат пари од својата популарност. За македонските, жетва е самиот мандат, пошто после неговото завршување, и онака никој не ги ферма.
Иако најголемиот дел од британските муслимани може се индиферентни кон прославите кои периодов се во тек, можеби ние можеме да одиграме мала улога во оживување на дарежливоста, добрината и вистинскиот божиќен дух кој се поврзува со празникот, пишува Билал Хасам во божиќната колумна за Индепендент.
Во текот на годината американскиот претседател редовно препорачуваше материјал за читање (сериозно), иако паралелно со тоа во повеќе наврати отворено признаваше дека баш и нема време за читање.
Реално, мали се шансите нашиот теледиригиран премиер да се закити со таа престижна и контроверзна награда, иако мора да му се признае дека вешто го одработува проектот за лоботомизирање на граѓанството додека му се менува описот на државата. Нашата воздржаност е од чисто статистичка природа. Имено, за лоботомија веќе имаат доделено Нобелова награда, па нема ваљда два пати за исто.