За пробивањето на сите можни рокови околу објавување на книгите, Мартин се обидува да се извади на серијата:
„Мислам дека серијата не беше многу добра за мене. Токму она што требаше да го забрза моето пишување всушност го забави. Секој ден кога сум седнал да пишувам, па дури и да е добар денот... се чувствувам ужасно затоа што си мислам: ’Боже, морам да ја завршам книгата. Имам напишано само 4 страници, а требаше да имаме барем 40.’
Тоа што серијата заврши е ослободувачки, затоа што сега си имам мое темпо на работа. Имам добри денови и имам лоши денови и стресот е далеку помал, иако се уште е таму... Сигурен сум дека кога ќе ја завршам ’Сон за пролет’ (седмата и последна книга) ќе треба со синџир да ме врзете за Земјата.“
Што се однесува на тоа како заврши серијата, тема на која уште се бунтува, Мартин изјавува дека тоа нема да влијае на крајот на неговата верзија и дека ништо не му менува, порачувајќи „не можеш да им удоволиш на сите, па мора да си удоволиш на самиот себе.“