Додека некои од нас сè уште не можат да ја од-видат Неда Украден со фаца и говор на телото на Рамштајн од „Твоето лице ми звучи познато", во други контексти дефиницијата на „бизарно" во телевизиските шоуа е за неколку нивоа повисоко. На Германците на пример не им е доволно некој да е маскиран во Тома Здравковиќ, туку треба и да крши ореви со гз.
Запрашан зошто верува дека вонземјани го регрутирале за да ја спаси Земјата, добитникот на Нобелова награда, математичар и шизофреник, Џон Неш, одговорил "Затоа што мислите за натприродните суштества ми дојдоа на ист начин на кој ми дојдоа и математичките мисли. Па ги сфатив сериозно."
За постоењето на спортскиот фудбалски викенд, како и Лигата на шампиони во вторник и среда кажете му фала на Шефилд, односно неговите основачи. Од нив почна нашава болест.
Немало никаква херојска авантура, туку само крвопроливање, не треба да се слави Денот на Колумбо, своевремено напиша во својата книга A People's History of the United States, историчарот Хауард Зин.
Ерик Дезенхал има 52 години, а во последните 30 расчитува туѓи скандали и срамови - теми од типот дали треба да се извиниш или да удриш по критичарите, дали треба да ја извадиш жена ти пред камери кога се извинуваш за некој секс скандал или како да се одбраниш од Твитер линчови? Секој пат различно.
Иначе, ако некој се секира, решив малку да си го вратам достоинството, да ги ставам на пауза сите тие апликации за визи и да проверам каде сè не бараат сметки од супермаркет за да ти дозволат да ги посетиш. И ќе одам во Минхен. Во Минхен има музеј на BMW, KFC и што е најважно, едно внуче.
Против волјата на човекот кој ја обедини Германија, деновиве излегуваат во книга неговите исповеди во кои ама ич не ги штеди големите политички фигури како Меркел или Горбачов.
Седна на клупата на Арсенал на 1 октомври 1996 година, како замена за непознатиот Брус Риох, а вечерва против Галатасарај одбележува 18 години како тренер на Топџиите. Му поминаа топло-ладно, но нема мотивација да ги раскаже во книга.
На 20.септември 2004-та почина еден од најголемите тренери во историјата на англискиот фудбал, а неговата животна приказна го инспирираше Дејвид Пис да напише книга за него.
Запленет од умерени сириски бунтовници, преку локални посредници во Турција, магазинот Форин Полиси стига до лаптопот на Тунижанецот Мухамед С., поранешен фан на Селин Дион, сега посветен на џихад и масовно труење луѓе.
Додека жолчно се бориме за да пронајдеме коски од пред 2 милениуми за да ги забетонираме пукнатите темели на националната самопочит, оние кои гинеле за истата оваа земја, помалку или повеќе независна Македонија, се третирани како што не би требало да се третираат коските и на најголемите душмани на нашата земја и сите луѓе кои живеат во неа.
Освен што беше прогласен за еден од најбрзите голови во Англија, голот на Асмир Беговиќ лани против Саутемптон, од денес стана и погодок од најголема далечина на еден официјален натпревар.
Темата ја разговараат научници и режисери, едните врз основа на макотрпни експерименти и анализи, другите врз основа на интуиција и искуство. Примерот им е сцената со формула од Ајронмен 2.
Екипата на Пардеборн, која викендов ќе ја игра првата историска сезона во најелитното германско друштво, во својот состав го има талентираниот Турчин Сулејман Коч, поранешен осуденик кој учествувал во многу кражби.
До сега актуелната теорија на темава ја дели потрошувачката на "трошење пари на животни искуства" и "трошење пари на материјални добра." Заклучокот беше дека среќата се максимизира од: купување искуства, а не работи. Сега едно ново истражување ја искомпликува равенката за среќа.
Има 36 години, по професија е писател, не го бивало да направи кариера во бејзболот, но успеал да им ги собере сите топчиња и сега пишува книги со инструкции како го правел тоа.
Преголемиот и премудар Туркменбаши доживува слична судбина како титовата, кому заклетвата "да са твога пута не скренемо" му ја раскурцаа уште Броз неизладен. Осум години откако се упокои Сапармурат Нијазов, Туркменистан и наследникот на неговиот трон се дрзнаа да му свртат грб и да се дистанцираат од неговото иделошко наследство. Убав повод да се потсетиме на нашиот омилен диктатор на сите времиња.
Едноставна е тајната на успешно окончување бескрајна дискусија со некој политички фанатик. Ако уште не сте дојдени до животната лекција таквите да ги отерате у три лепе по што блажено ќе ги игнорирате, па со нив уште ви се плетка и објаснува, читнете како тие најефикасно се замолчуваат.
Ова е универзална вистина која важи и за земји со средени финансиски институции како што е САД. Што со оние кои се надвор од системот? А нив не ги има малку, ги има повеќе отколку што гласале за Обама. 10 проценти од парите на семејствата кои не се во банкарскиот систем одат на неговата замена. Тоа е исто онолку колку што овие семејства трошат на храна.
Велосипедистите на светски познатата етапа „Тур де Франс“ неретко се надмудруваат и со правила кои не се заведени како официјални во Меѓународниот велосипедистички сојуз. Потврда за тоа се и неколкуте инциденти на овогодинешниот „Тур“.
Зијах Гафиќ и е босанско-херцеговски фотограф кој изминатите неколку години прави колекција на фотографии од предметите со кои се закопани жртвите на масакрот во Сребреница. Деновиве неговите фотки беа објавени во магазинот Feature Shoot.
Како што беше очекувано бик прободе човек на трката во Памплона, она што се случува за прв пат во трката е што еден од прободените е човек што буквално има напишано книга за трчањето со бикови.