Гордата мајка Долорес Авеиро во нејзината нова книга „Mother Courage“ призна дека сакала да абортира додека била бремена со Кристијано Роналдо, но докторот не ја поддржал во одлуката.
Авеиро и покрај лекарските препораки, почнала интензивно да тренира и да пие топли течности за да и успее абортирањето со една од сегашните најголеми спортски ѕвезди на планетата.
За нејзината поранешна тајна Роналдо бил известен.
„Види мамо, ти си сакала да абортираш, а сега јас сум тој кој ги држи конците дома“, изјавил Португалецот.
Доколку Авеиро не го родеше, оваа богата страница немаше да постои, а за најдобар фудбалер во светот за 2013 година сигурно ќе беше прогласен Меси.