Дебаклот на МИТ со Епстин е проституција на интелектуалната активност, за чие санирање е потребно затворање на МИТ Медиа лаб, укинување на ТЕД говорите и отфрлање на парите од технолошките милијардери.
Една манекенка, четири градови. Звучи како сетинг за книга со некаква фешн авантура, ама всушност се работи за јубилеен број на Вог Париз и нивниот начин на прославување.
Живееме во доба на лажни вести, но манипулациите во оваа област не се нови, исто како и обидите да се опише, анализира и предвиди нивното влијание врз политичкиот живот. Покрај антологиската „1984“, еве уште неколку книги кои тоа го правеле многу пред времето на интернет.
Ова што следи е извадок од нова книга на една за многумина мрачна тема - ракување со остатоците од телата на блиски, по нивната смрт. Доколку сте со осетливи нерви и стомак, имаме само еден спојлер за вас, после кој може да одлучите дали да продолжите со читање: кожојадни бубачки.
Вчера, 3.9, беа објавени финалистите за овогодинешната Букерова награда. На списокот има шест автори и исто толку дела, но едно се издвојува по својата необичност.
По „Што ако?“ од 2014, која се занимаваше со „сложени прашања кои допираат до с’ржта на човечкото постоење“, нашиот омилен стрип цртач денес (3.9) издаде нова книга. Насловот е некако логично продолжение на претходната.
Меритократијата е концепт кон кој ние уште немаме тргнато (заради партии, непотизам и другите овдешни богови) а некаде тој веќе на големо ги покажува и своите грди страни.
Јавната библиотека во Вичита има добар систем. На сметките кои ги издаваат кога некој ќе позајми книга, пишува колку тој заштедил (со тоа што не ја купил книгата). Цифрите се импозантни, секако под услов да си редовен читач.
Јоко Огава има долга кариера и е авторка на повеќе од 40 романи. Во Јапонија е славна, но во англиското говорно подрачје нејзиното име допрва се очекува да стане познато, по преводот на нејзината најнова книга, „Мемориска полиција“.
Вицовите се неодвоив дел од она што го предава и пишува словенечкиот социолог, филозоф и културен критичар. Според Жижек, вицовите знаат да откријат големи а и непријатни вистини, суптилно да отсликуваат парадокси, или да дадат свежина во погледот кон работите. Толку ги има кажано, што ги има доволно да се издаде книга само од неговите вицови.
На англиски се викаат „писма на совест“ (conscience letters) и во случајов претставуваат придружни белешки кон вратени фосилни парчиња дрва и карпи, некогаш украдени од национален парк во Аризона.
Две важни работи од интервјуто на Џорџ Р.Р. Мартин за Гардијан се дека: 1. Уште до никаде не е стигнат со пишувањето; 2. Не му прави нешто многу разлика крајот на серијата, ама фино што заврши.
Нова книга под наслов „Комарец: човечка историја на нашиот најсмртоносен предатор“ од Тимоти Вајнгард, тврди дека ова мало и (од човечки аспект) злобно инсектче до сега има убиено повеќе луѓе од сите војни во историјата заедно.
Оние кои го поминале процесот опишан во статијава ќе знаат точно за што станува збор. Оние кои не го поминале - не очајувајте. Има решение и за оние кои сакаат да работат на себе читајќи или слушајќи музика.
Сакате да читате, ама не можете да се натерате да пуштите мобилен од рака и да земете книга, за смирено со неа да минете барем еден час? Или немате каде? Има лек. Читање во тишина, со други.
Авторката на „Сексот и градот” размислува за љубовниот живот и женските пријателства, исто како во епските колумни што станаа серија, со тоа што, овој пат обрнува внимание на жени над 50 години.
Нова студија разгледува што е заедничко за луѓето што го држеле рекордот за (или биле околу) најстар човек на планетата. Открива дека магичната состојка не е ни здрав живот, ни мир, ни жени, ни пари, ни среќа, ни што и да е мантрата што некој сака да ви ја продаде, туку - лоша евиденција на книгите за родени.
Ова го тврди Нил Бартон, психијатар и филозоф, чија најнова книга носи наслов „Хиперсвесност: мислење кое го надминува мислењето“. A зошто некој хиперсвесен би се криел? Па затоа што е...свесен!
Имала 42 години, била трудна со четвртото дете од љубовник-поет, а за свое животно дело го прогласила преводот од латински на „Принципите“ на Њутн. Толку напорно работела, што не дочекала да го види објавено.
Се вика „Хобсоновиот избор“, но се состои од понуда на само едно нешто. Бидејќи може само да се одбие да се прифати она што е понудено, опциите се сведуваат на тоа нештото да се земе, или да се остави.
Вчера, 1.8, се одбележаа два века од раѓањето на авторот на најзначајната, а најретко читана книга на англиски. Наречена е „Монт Еверест на книжевноста“, но не заради големиот број страници (такви обемни книги има многу), туку заради тоа што нејзиното исчитување станува поход до самиот себе - борба со сопствените демони, бури и китови.
Наместо Путин, главен „зликовец“ во руската верзија станал Трамп. Плус без знаење на авторот се променети и некои битни термини. Сепак тој деновиве е под остра критика на јавноста што се согласил на каква и да е адаптација под притисок на руските цензори.
Народната ослободителна армија има правна основа да интервенира во Хонгконг со цел „зачувување на општествениот поредок“ ако тоа биде побарано од нејзе, гласи ставот на кинеското министерство за одбрана за сите што прашуваа за оваа опција.