Концептот е едноставен: членовите на „Тивкиот читачки клуб“ се среќаваат во кафичи, библиотеки, книжарници, или на кое и да е друго место кое ќе ги прими. Во еден момент ѕвони ѕвонче или се дава друг знак, и времето за читање почнува. После еден час, повторно се огласува ѕвончето и може да се зборува и да се пие.
Освен тоа, други правила нема. Ослободени од стриктноста на традиционалните читачки клубови, учесниците можат да донесат што сакаат за читање, а пред и после времето за тивко тонење во книгата, да си прават муабет за она што го читаат.
Идејата почнала кога две пријателки почнале да читаат заедно во бар во Сан Франциско, изнервирани од претходен клуб за читање каде им биле препорачувани книги кои не им се допаѓале. Денес „Тивок читачки клуб“ основан од Гиневра де ла Маре и Лаура Глуханич има на над 70 локации, меѓу кои во Пакистан, Хонг Конг и Холандија. Се покажало дека ваквите места или одредени периоди од работата на баровите или книжарниците се многу погодни за интроверти кои имаат проблем да се социјализираат преку типичните излегувања.
Кај нас еден час тишина за луѓе да можат да читаат, а да не е библиотека? Тешко ни е да замислиме. Ама кој знае, можеби некој ќе ризикува да го проба и тоа.