Една од нус-појавите кога ќе станеш славен писател е твојата наводна компетенција да делиш умни совети за тоа како треба да се пишува. „Дозволи им на мислите да си играат", „сонувај со отворени очи"...За среќа, има и такви кои се многу реални и практични. Под ова на Атвуд за болките во грб се потпишуваме со два пршлена.
Адвокат и сликар прават илустрирана книга за професија која е вградена во неофицијалната историја на Белград од почетокот на 19. век. Авторитетот Данило е на потег за слична „студија на случај" од нашиот главен град.
Трендо го објавува кога ќе му начека песна, Илина го објавува кога ќе му начека книга, а еве го начекавме и ние. Познатиот словенечки рокер натепа судија по натпревар од кошаркарскиот Еврокуп во Љубљана.
Океј, морам да подосаѓам малце на една тема. Добро, цела Македонија пишува поезија? Или тие што не пишуваат поезија, пишуваат загадочни некои собитија, напумпани со филозофија? Или пишуваат за некој друг што пишува? Или ако е фикција, онда нека е Александар Македонски?
Аба изгледаа како што изгледаа не само зашто такво беше времето туку затоа што според шведските закони, ако е доволно лоша за да не може да биде носена на улица, одредена облека може да биде ослободена од данок.
Распространет на седум ридови долж широка река, некогашна престолнина на империја, Лисабон е дом и на еден српски преведувач и автор. Запознајте го Дејан Тиаго Станковиќ. И неговата баба Политима.
Сабајлево (четврток, 13-ти февруари 2014) душата ја испуштил и телото си го смирил еден од последните олд скул десперадоси на скопската урбана сцена, Ѓорѓи Ѓорѓиевски Џокер.
Дримворкс прес ќе објавува книги во печатена и дигитална форма - ова е одлуката на познатото студио за анимација, како чекор за сопствено ширење и диверзификација на бизнисот.
Букет од три ружи, хризантема и каранфил пренесува тајна порака која гласи: „Ќе платиш за тоа". Вашиот одговор би можел да биде крин и две хризантеми - „Море носи се!". За сите овие кодови си има сајт и книга.
Неодамнешната смрт на Темпл уште еднаш ја актуелизира темата за децата-ѕвезди и целата машинерија која стои зад нив. Најспомнуван во тој контекст е текст на славниот Греам Грин од 1937.
Книгата на норвешката новинарка и писателка Асне Сеиерстад, под провокативен наслов „Еден од нас: приказна за Норвешка", се занимава со трагедијата која се случи во 2011 на островот Утоја, кога беа убиени 77 лица.
Ле Фигаро објави информација дека поранешниот пејач на француската рок група од седумдесетите Téléphone, Жан Луј Обер, се подготвува да издаде соло албум чии стихови ќе бидат преземени од најновата книга на Уелбек.
Белградската филхармонија и без поранешниот директор Тасовац кој ја напушти за да стане министер за култура, продолжува со откачени проекти. Утре (7. февруари) таа ќе го изведе Мотоциклистичкиот концерт за тромбон и оркестар.
Мрачна, носталгична новела, единствената која некогаш ја напишал генијот на филмската уметност, се појавува за прв пат откако 60 години стоела некаде по архивите.
Масовните спортски настани, астрологијата, фундаментализмот и новинските наслови од типот „Родила дете со шест глави“ се сведуваат на истото - тие се чиста диверзија врз моќта за критичко мислење, вели Чомски. Тоа објаснува и зошто оние кои се рекламираат во паузите на Супер боул се подготвени за тоа да платат големи пари.
Неодамна пишувавме за мачорот (всушност неколку мачори со иста боја со кои мака мачеле браќата Коен) во филмот „Во главата на Луин Дејвис". Но има уште куп филмови во кои мачките не се главен лик, а сепак играат важна улога, или како симбол, или просто како украс во кадарот.
Научниците од MIT создале книга која ви ги пренесува чувствата на нејзините ликови. Ама буквално и физички - од тоа дали се препотуваат, имаат тахикардија или доживуваат екстаза. Замислите како функционира кога ја читате „50 нијанси".
Обично не пишуваме за вакви луѓе кои се занимаваат со екстремни спортови, но 23 годишната Аша некако фино ќе си легне во друштво на нашите офсајд ликови кои се издвојуваат по својата уникатност.
Ако пред-дилановската сцена на Гринич Вилиџ не ви прави мерак, и ако саундтрак сам по себе не ви е доволен за да прогласите некој филм за добар, тогаш овој не е за вас. Единствено може да помогне ако сакате мачки.
Во новогодишниот број на Економист налетавме на многу интересен текст, со елементи на акција, мистерија и трилер. И сето тоа поврзано со еден печатарски слог, чиј автор не сакал да падне во туѓи раце.
По претпоставка дека живееш во 7-от век, си побожен маж (што е многу, многу веројатно) и запознаваш девојка. Последователно двајцата сакате да имате секс. Физички ништо тешко, теолошки доволно комплицирано за црквата да има упатство за тоа.