Јан-Вернер Милер предава политика на Принстон. Во август минатата година објави нова книга во која во предвечерјето на победата на Трамп, и во ерата на подемот на популизмот, се обидува да објасни - што е точно тоа од што истовремено се плашиме, а под чие влијание сепак толку лесно потпаѓаме?
Прво, ова не е порака од холандската влада. Второ, бисери како: „...изградивме цел океан меѓу нас и Мексико... никој не гради океани подобро од нас... и океанов е толку голем, што можеш да го видиш дури и од Месечината... и ги натеравме Мексиканците да платат за него“.
За да знаете во каков свет живеете не е доволно да сте информирани дека деновиве жените (освестени, политички писмени, храбри, гласни, одважни итн.) протестирале против Трамп. Треба да ѕирнете во стварноста и еден ден подоцна.
Рускиот претседател и неговото видување за светогледните разлики меѓу Американците и Русите, за вредните страни на американската дипломатија и нејзината опачина. Можете да му наоѓате мани на историчарот Путин сè додека не помислите како ли историјата му изгледа на неговиот колега Трамп: "На почетокот беше ништо. И после победив јас".
Во говорот по повод започнувањето на првиот 4-годишен мандат, Трамп ја испрати пораката "America first", нешто што слободно го толкуваме како "Америка на прво место". Вака светските весници го пренесоа доаѓањето на 45-от претседател на САД.
Откако Трамп едвај состави листа на музичари кои би настапиле на неговата инагурација, сега се соочува со закани за генерален штрајк. И дел од културните работници се придружуваат на идејата. Но дали е ова навистина промовирање отпор или позерство?
Како што обично бива, откако ќе се испукаат листите на наградените почнуваат анализите - зошто добил оној а не овој, кој како бил облечен, кој водител бил најсмешен, кој воопшто не се појавил. Но како ретко кога до сега, анализирани се политичките пораки на настанот, кој е изгледа само вовед во истата таква ангажираност на Оскарите.
Како ви звучи кога нешто е опишано како елитно? „Елитен ресторан“, „елитна гимназија“. За некого оваа придавка е сигнал за посебност која мотивира. За други асоцира на некакви замислени олимписки височини, класна поделеност и недостапност. Антиелитистичкото чувство во САД ја одбележа изминатата година, а „елитно“ стана еден од најнепосакуваните епитети, пишува Њујорк Тајмс.
@NeinQuarterly беше во Скопје во јуни, сега веќе минатата година. По принципот „ај денес - ај утре“ видеото од тој настан до скоро стоеше на некој хард диск. Еве го конечно тука, но не само заради некакво архивирање, туку и заради шармантната комбинација на нихилизам и оптимизам која ја содржи, а која сигурно ќе ни треба и во Новата. Да, таква комбинација е можна. А можеби и нужна.
Тероризам, ИСИС, уште тероризам, Трамп, Брегзит, смрт на славни личности. 2016 изгледа дека не можеше да биде полоша. Стивен Пинкер вели - чашата е сепак полуполна, ама само ако заедно ја наполниме.
При крајот на годинава медиумите се обидуваат од петни жили да направат списоци на фини вести и настани кои се случиле во исто време додека нè навјасуваа лошите, само за некако да ја смалат горчината која таа ни ја остава во устата. Некако тешко им оди.
Глен Бек е една комплетна лудачина (самопрогласен катастрофист), кој повеќе од 10, а посебно последниве 8 години, секој потег на американските либерали, посебно на Обама, го доживуваше апокалиптично и идентично ѝ го пренесуваше на својата публика. Иако десничар до срж (на времето ја поддржуваше и Чајанката) тој пред изборите се крена против Трамп. Во моментов, поделеноста во САД е дојдена до точка во која Глен Бек стана глас на разумот (ок, со прилично реформирани ставови) и почна да учи левичари - опрајте се, станати сте катастрофисти, личите на мене.
Знаеме дека ве удавивме со различни зборови на годината - од англиските пост-вистина и снегулка, „германското“ флај и австралискиот демократски колбас. Но овој некако ни изгледа дека најреално го опишува чувството со кое ја завршуваме годината. Дека таа беше - надреална.
"Попрво би да имам демократија што не секогаш оди во моја корист, отколку да немам каква било демократија," порачува Џонатан Пај за брегзит и Трамп, и потоа ги имате најдобрите две и кусур минути предавање за демократијата и сè што сте заборавиле околу неа.
„Град без Евреи“ премиерно се прикажал во Виена во 1924. Сега неговата оригинална верзија, која била загубена цели деведесет години, е реставрирана и спасена од заборав.
Хилари за време на кампањата ги нарече гласачите на Трамп `deplorables` (отприлика: несаглам). Рози Одонел, жената немесис на Трамп, деновиве излезе со шпекулација дека малиот (10 години) Барон Трамп можеби е аутистичен. Демек она се секира, демек би било супер за свесноста околу ова прашање. Нема она гајле што шпекулира околу здравјето на дете. Заради вакви работи, покрај другите утки, демократите изгубија.
Младиве се за греота. Затворени по дома, водејќи виртуелни животи, тие не се соочени со реалниот свет, во кој треба да покажеш издржливост, храброст и одлучност. Мислејќи дека се посебни - каква што е наводно секоја снегулка - тие се ранливи, и лесно се топат. Не дека нема такви и возрасни.
По феноменалниот дует со Хилари (тоа тука) музичката кариера на Трамп продолжува со уште еден дует, овој пат со Најџел Фараж, и еден сингл за своја душа.
Театарските претстави, како јавни настани, се податни за изразување политички ставови, или барем за привлекување внимание. Неодамнешните случувања околу мега-популарната претстава за создавањето на американската нација повлече дискусија за функцијата на театарот денес.
Навикнати сме класичната музика, особено операта, да се занимава со метафизички теми, метафорично прикажани низ ликови и теми од историјата. Но она што денес изгледа како банална актуелност, утре ќе биде историја. Полна метафизика.
Кога на почетокот на годинава беа укинати авторските права на книгата на Хитлер, беше издадена ново, анотирано издание, кое веднаш стана бестселер. Сега тоа доби и значајна академска награда во Германија. Тајмингот, велат, не можел да биде подобар.
Актуелниот потпретседател на САД, за време на кампањата во еден момент порача и дека би сакал да се проба со Трамп, еден на еден. Ова уште го држи и кога завршија изборите, и никако не му оди да му ја даде Белата куќа на новиот претседател.
На станица во њујоршко метро, стотици луѓе на стикери си ги пишуваат маките или се куражат меѓу себе дека победата на Трамп (можеби ) и не е крај на светот. Стикери? Кај нас на 12-ти декември со фломастери и хамери ќе се оди на автобуска.