Во претходните десетина години на секој гол на Кристијано Роналдо за Португалија, коментаторите изговараа: „Со овој гол Роналдо му се приближи на вечниот Али Даеи на 21, 20, 19 гола... итн“. А Иранецот е права легенда.
Кога пред десетина година се сретнале додека Кристијано беше играч на Реал Мадрид, Сослкјер му рекол: „Каде и да играш, колку и да вредиш, твојот дом секогаш ќе биде Манчстер Јунајтед“. Португалецот се врати на местото каде го лансираа во орбитата.
Робин ДиАнџело е автор на извиканата книга „Бела фрагилност“ која - буквално расистички - сугерира дека белците треба да го признаат примордијалниот грев што се бели. Во ова интервју, таа открива дека сфатила дека е бела на свои 34 години и тоа шокантно сознание трајно ѝ го сменило животот. Се почувствувала толку гласно бела што ѝ било срам да излезе на улица зашто сите ќе забележале дека е бела. Накратко, Робин ДиАнџело, кретен.
Gol.hr нè спакува на ептен симпатичен начин во убава и богата репортажа од 5 минути и тоа со пар реченици за Александар Македонски, Кочо Рацин, Мајка Тереза, Дарко Панчев, Тоше Проески и Горан Пандев. Инспирација им е историскиот успех на фудбалерите.
Македонија во недела од 18 часот ќе дебитира на најголема европска сцена, на Националната Арена во Букурешт. Прв ривал е Австрија а веќе се знае и гарнитурата со која ќе истрчаат нашите фудбалери.
Годишниот финансиски извештај на ФИФА открива дека приходите од Мундијалот 2022 во Катар би можеле да достигнат над 3 милијарди фунти, најмногу досега од едно Светско првенство.
Волсфбург, град на реката Алер, 75 километри источно од Хановер е град со најголемата фабрика за автомобили на светот, изграден врз село во 1938-ма година. Најголема забава за жителите е бундеслигашот Волфсбург кој во 2003-та сензационално ја освои шампионската титула.
На мечот Истанбул Башакшехир - Сиваспор (1:1) во турската Суперлига се било во ред до 20' минута, но почнал да паѓа снег па гостите едвај се познавале со бели дресови.
Јас сум четврта категорија на живот: немам возачка, немам автомобил, немам ни електричен тротинет, ни точак, ни двор. Мерен со технолошки критериуми на брзината и октанската ефикасност, јас сум нешто меѓу пензиониран полжав и уморна желка.
Прскањето против комарци претходниот викенд даде одредени резултати, така што сега комарци има уште повеќе, плус се побесни. Ги изнервираа со некое евтино срање па се дигнаа и оние мамурните кои не планираа да излегуваат викендов. Сега гризат ко териери.
Во Америка паѓаат статуи на историски ликови кои поседувале робови или имале врска со ропството на црнечкото население, меѓу нив и оние статуи на основачот на државата Џорџ Вашингтон. Ами Хоровиц сака да провери дали на луѓето им е дојдено да расчистат баш со сите кои имале робови.
„Ја користам оваа прилика да се извинам на АПСОЛУТНО НИКОЈ!“, напишал навивачот на Барнли којшто презема одговорност дека токму тој платил и нарачал веење на таков банер над стадионот „Етихад“ во Манчестер кога играа Сити и Барнли.
После протестите во организација на Black Lives Matter во англиската Премиер лига сите клубови на дресовите го носат овој натпис и клекнуваат на колена во знак на поддршка во борбата против расизмот, ама некои навивачи имаат и свои аршини.
Навивачите на Арминија заедно со оние на Баерн Минхен се оние кои најмногу слават во Германија. Арминија Билефелд минатата недела се пласираше во Бундеслига, а во четвртокот и официјално стана шампион во втората германска лига.
Неверојатната животна драма на Жан-Пјер Адамс, фудбалерот кој роден во Дакар (Сенегал) дошол во Франција со баба му на поклоничко патување и останал да игра фудбал во оваа земја.
Малку е познато дека Диего откако ја отслужил казната од 15 месеци зошто падна на тест за дрога, од Неапол одбива да оди во Реал или Марсеј и потпишува со Севиља.
Првата епизода од новата документарка на ЕСПН „Последниот танц“ за последната шампионска сезона на Чикаго Булс, одново ги врати муабетите за финансиската ситуација на Скоти Пипен.
Најверниот навивач на Партизан, човекот кој го бодреше овој клуб на фудбал, на ватерполо, на кошарка, на ракомет и на сите други спортови, Мирослав Гајиќ (66) попознат како Миша Тумбас бил погребан на белградските гробишта Орловача. Како што доликува, со песна за црно-белата боја.
Верувајте, сакате да го слушнете говорот на раперот Килер Мајк во поддршка на Берни Сандерс. Страсно, моќно, човечно, искрено и без калкулантство. Емоции и увереност какви ниту сме виделе ниту ќе видиме на наш терен. Од што ни направи ќеиф, го преведовме.
По серијата огромни расистички скандали и гафови, раководството на Серија А реши да покрене кампања во борба против расизмот во фудбалот, ама толку невешто го направи тоа, што сите се запрашаа дали се нормални?
Покрај основните парчиња облека, сите љубители на модата оваа сезона додаваат спортски парчиња во својата гардероба, комбинирајќи ја удобноста и естетиката на најубав начин.