На 29 април беше 30-годишнина од второто скудето кое Марадона му го донесе на Наполи за што во Неапол го сметаат за божество.
Во главниот град на Андалузија, Диего останува една сезона (1992/1993) и на 26 натпревари постигнува 5 гола пред да се врати во татковината и да заигра за Њуелс Олд Бојс, клубот од кој потекнува Лео Меси.
Но малку се знае за неговиот престој во Андалузија, во Севиља. Таму станал близок пријател со Мончи, тогашен голман на Севиља, а подоцна еден од најуспешните спортски директори на светот.
Со цел да ги избегне гужвите и неизбежните барања за фотографија и автограм по градските улици, Марадона одел уште во рани зори да прошета а друштво му правел ранобудникот Мончи.
Има анегдота дека голманот носел фејк ролекс рачен часовник, па Диего кога открил му купил нов брендиран Картие часовник.
„Носев Ролекс часовник, ама го купив фалш за малку пари. Му се допадна, ама веднаш отиде да ми купи друг часовник, ама оригинал“.
Monchi and Diego Maradona at Sevilla, 1992. The two became close friends and went on early morning walks together, so the Argentine avoided the crowds in Seville (Monchi always rises early). Monchi wore a fake rolex and when Maradona found out, he bought him a brand new Cartier. pic.twitter.com/77Tw69pcaz
— Colin Millar (@Millar_Colin) April 15, 2020
Интересно, Мончи по крајот на голманската кариера станал спортски директор. Ова го заинтересирало откако во улога на скаут отишол да го гледа мечот Леванте - Атлетико Б во Сегунда.
Пред Мончи да стане задолжен за спортски прашања во клубот, Севиља освоила 4 трофеи во цели 110 години постоење (52 години без пехар). Откако тој почнал да се занимава со струката, Севиља освои 9 вредни трофеи во 20 години.