Хрватска за Македонците: Најљубезниот народ во Европа

Gol.hr нè спакува на ептен симпатичен начин во убава и богата репортажа од 5 минути и тоа со пар реченици за Александар Македонски, Кочо Рацин, Мајка Тереза, Дарко Панчев, Тоше Проески и Горан Пандев. Инспирација им е историскиот успех на фудбалерите.

„Македонија е една од двата дебитанти на Европското првенство 2020 и во последните неколку години доживеа огромен напредок.

Пред само пет години беа 162-ра репрезентација во светот според рангирањето на ФИФА, а денес, пет години подоцна напредуваше за точно 100 места.

Тоа е огромен скок, особено кога ќе се земе предвид дека целата македонска лига вреди околу 40 милиони евра, што ги става на слабото 39-то место според вредност во Европа. Тоа значи дека 12-те македонски прволигаши вредат само нешто повеќе од Осијек и Хајдук.

Македонија и Хрватска имаат многу поврзаности, а ние истраживме некое од нив.

Од Македонија па сè до Индија се шири империјата на еден од најголемите освојувачи во историјата на цивилизацијата, Александар Македонски, а едно од нашите омилени наследства е мечот на Александар.

Титулата на нај македонски град во Хрватска ја носи Самобор, а причината за тоа е еден од најголемите македонски поети Кочо Рацин, кој го објави своето најпознато дело „Бели Мугри“ во 1939-та година.

Секоја чест за Рацин, но кога зборуваме за музика, никој не ги обедини повеќе Македонија и Хрватска како еден човек. За жал се работи за трагично починатиот Тоше Проески, без кој останавме пред 14 години.

А колку голем фудбалски навивач беше, најдобро се гледа по тоа што ја испеа химната на македонската фудбалска репрезентација, а националниот стадион го носи неговото име.

Финалето на Купот на шампионите пред точно 30 години го реши најголемиот македонски фудбалер на сите времиња, Дарко Панчев, златната копачка на Европа.

За крај, оставивме уште две македонски икони, Мајка Тереза и Горан Пандев“.

виа

**********

п.с. Посебен поздрав до прекрасната екипа шибенски новинари кои се големи пријатели на Македонија и со кои е мерак/ќеиф/гушт да се дружи човек и на наш и на нивен терен.

 

21 јуни 2021 - 11:02