ADIDAS трендови кои ќе ја обележат оваа сезона

Покрај основните парчиња облека, сите љубители на модата оваа сезона додаваат спортски парчиња во својата гардероба, комбинирајќи ја удобноста и естетиката на најубав начин.

Веќе сме навикнати да гледаме стилски разигран контраст на патики и јакни, фустани и кошули и разни други спортско-класични комбинации низ градските улици, што е рефлексија на бурното темпо на живот на денешницата. Adidas зимава претставува колекција во која се воздигнуваат стандардите за необични и интересни материјали, како и комбинации на бои и додатоци кои нема да поминат незабележано.

ЦВЕТНИТЕ ПРИНТОВИ НЕ СЕ РЕЗЕРВИРАНИ САМО ЗА ЛЕТНИТЕ КОМБИНАЦИИ

Иако со самото спомнување на цветната шема прво што доаѓа на памет се летните денови, овој романтичен женски тренд е поднослив во сите изданија. adidas тоа го интерпретираше во својата колекција додавајќи ги на страничните ленти на тренеркате, покажувајќи дека спортските парчиња одамна ги надминале титулите на основните парчиња облека кои се носат само во теретана или на тренинг. И не само тоа, оваа облека суптилно ќе ја сруши монотонијата и ќе стане кандидат за фаворит на „street style“ изданијата. Комбинирајте ги со јакна со светла боја и неутрализирајте го целосниот изглед со бели патики. Дополнителниот накит може да додаде личен печат во целата приказна.

ЦРНО БЕЛИТЕ ИЗДАНИЈА СЕ СТИЛСКИ ТРИК ЗА СУПЕР ИЗГЛЕД

Доколку сакате да создадете изглед кој изгледа елегантно, а притоа сте подготвени да вложите малку труд, одговорот е да создадете црно-бели комбинации кои секогаш изгледаат кул. Предноста на овие комбинации е фактот дека контрастот на боите остава силен впечаток без разлика во која прилика ги носите, а ваквите комбинации еднакво ги обожаваат и мажите и жените.

ДУКСЕРИ ВО СВЕТЛИ БОИ

Преку комбинациите на „street style“, докажано е дека овие парчиња се за секоја пригода. Маичките во светли бои се популарни оваа сезона, а ние предлагаме да ги носите со јакни и неутрални патики за секојдневен стил.

БИДЕТЕ КРЕАТИВНИ

Иако спортските парчиња беа резервирани за спортски активности, денес тие се на исто ниво со модните класици и повторно ја покажуваат својата разновидност. Затоа, adidas нè инспирира да излеземе од нашата зона на удобност и да започнеме стилска игра.

Сите модели од новата зимска adidas колекција можете га ги погледнете во Buzz shop во Скопје Сити мол како и на Online shop.

Комерцијален текст

4 декември 2019 - 14:56