Сè што организирано е против Трамп не може да дочека конечно да се докаже целата афера околу руското мешање во американските избори и победата на Трамп, нешто што исто така може да се толкува како колективен мелем за стравот и паниките од времето во кое се најдоа и сите промени што се случуваат. Исто така веројатно е и дека е претерано со доделувањето супермоќи на Путин и неговата способност за глобален куклар.
Како ретко кога од распаѓањето на СССР, годинава главна вест во САД беше „Русија“, и отприлика тука завршуваат сите сличности околу тоа кој како ја разбрал темава.
Рускиот претседател успеа да убеди голем број од Американците дека е манипулативен гениј, а всушност тој е само коцкар на кој му се падна голема премија, пишува Џулија Иофи во текстот за Атлантик.
Тазе признанието на рускиот хакер дека ги украл мејловите на Хилари по наредба на Москва, следува само неколку месеци откако американските медиуми објавија дека руски хакер одбил да прифати пари, државјанство и стан во САД, во замена за преземање на одговорноста хакирањето.
Наративот кој следуваше и стана општоприфатен по неочекуваната победа на Трамп на изборите 2016 е дека таа се должи на лажните вести, во добар дел создадени од руски извори, а разгласени и раширени од Фејсбук и Твитер, беа прегледани милиони пати од делот на гласачите кои сакаа да чујат за недоверливоста и одбивноста на Хилари Клинтон. Ваквата смеса потоа само беше распламтувана од новинските сајтови на алт-десницата, во голем дел благодарејќи на информативните балони во кои Американците успеаа да се затворат.
На 26-ти октомври се паѓа роденденот на Хилари Клинтон, а минатата година се поклопи тој ден да биде во пикот на крвничката претседателска трка меѓу Хилари и Трамп. Пред една година, во време на ваква битка и од гледна точка на тогашната галама создадена од меинстрим медиумите, скоро и да немаше човек кој не би застанал зад овој твит на Хилари.
Утехата на демократите е дека веќе е крајот на 2017 и се ближат меѓу-изборите за Конгресот во 2018, па за не така долго време "се додека успееме да избегнеме нуклеарна војна" претседателските избори во 2020 ќе бидат крајот на Трамп, пишува Пол Волдман во Вик.
Трамп може нема да го освои мнозинството од гласачите, ама како што сега стојат работите сигурно ќе го освои мнозинството гласови од изборниот колеџ, порачува истиот човек кој уште во јули 2016 беше меѓу првите луѓе од меинстрим левицата кој предвиде пораз на Хилари.
Во Америка е, кај ќе биде :) Сè уште не може да го поднесе Трамп но деновиве мора по медиуми да чита како токму неговите гласачи биле клучни за победата на цепаницата.
Иако е премногу далеку и е малку веројатно, ваквата замисла неодоливо потсетува на средината на 2015, кога Трамп прв пат објави дека се кандидира за претседател, а и левите и десните се спрдачеа со него и замислуваа како би изгледала таа Америка чиј претседател е поранешен водител на реално шоу и сеопфатен кловн.
Сведочењето на поранешниот секретар за домашна безбедност Џеј Џонсон треба да го обезбеди дефинитивниот крај на "Русија ги хакна изборите" хистеријата. Штета што ни требаше толку време за да стигнеме до тука, пишува уредничкиот борд на Њујорк пост во својот едиторијал.
Кривицата за неуспехот на Хилари да порази сенилен ТВ водител, според Демократската партија, паѓа комплетно на Русија, сиромашните белци, Берни Сандерс, и.тн. Кривицата никако не паѓа на тоа што нејзината кампања страда од исти пропусти како и во 2008: дезорганизиран кадар кој се мачи да дефинира јасна и убедлива порака за нивниот невозбудлив кандидат од естаблишментот.
Победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори предизвика целосна вчудовиденост кај интелектуалната елита, длабоко загрижена поради погрешниот избор на народот. Наместо да размислат за причините за привлечноста на „антиелитистичката“ и „протестна“ политичка реторика, многу коментатори се посклони да заклучат дека проблемот не е во системот и досегашните политики, туку во народот, кој не ги разбира.
Гревот на Клинтонови, отплатен во ФБИ-истрага на само неколку дена пред гласањето, е што и двајцата идентично чувствуваат дека „правилата не важат за нив“.
Откако по новинари, експерти, ЦИА и разузнавачи, дојде ред и Обама да каже дека Москва стои зад хакирањето на мејловите на демократите, портпаролот на Путин порача дека САД мора или да покаже докази за тоа што го збори или да прекине.
Заклучокот на истрагата на ЦИА е дека Русија интервенирала во изборите во 2016 за да му помогне на Доналд Трамп да стигне во Белата куќа, објавува Вашингтон пост.
Треба да се разјасни дека Фејсбук не ги реши изборите, и Трамп нема да биде следниот претседател на САД заради неговата способност да се расправа со медиуми и славни личности на Твитер, пишуваат Кит Хемптон и Езтер Харгитаи во Хил.
Се повеќе либерали ја повикуваат Клинтон да побара пребројување во трите клучни држави кои ја овозможија победата на Трамп: Висконсин, Мичиген и Пенсилванија. Барањето се базира на тврдењето на американски експерт за компјутерска безбедност, според кого некоја надворешна сила (Р-У-С-И-Ј-А) би можела да ги хакне изборите. Тој го разработува и целото сценарио за потенцијалното хакирање.
Меѓу клишеата што заслужуваат да бидат исфрлени по последните претседателски избори во САД е идејата за "женски глас", пишува Хедер Хурлбурт, поранешна функционерка во Белата куќа, Стејт Департманот и американскиот Конгрес.
Самата Хилари верува дека за поразот е виновен Џејмс Коуми, директорот на ФБИ кој на само неколку дена пред изборите го извести Конгресот дека повторно ја отвора постапката против неа. Според луѓето од нејзината кампања причината е "збир неконтролирани ветрови во гради". Добар дел од демократите за ова ја обвинија нејзината кампања и стратегијата.
Најголемиот шок во среда наутро го доживеа половината од Американците кои не можеа да веруваат во резултатите што никако не содејствува со она што се случуваше и зборуваше во нивниот свет. Излезе дека нивниот свет всушност бил она што Фејсбук мисли дека е нивен свет.