Поради новиот концепт плеј-ин кој за многумина е глупост, а за други е генијален изум, синоќа за влез во плејоф играа ЛА Лејкерс и Голден Стејт. Во директен дуел на Стеф Кари и Леброн Џејмс, поуспешен беше постариот. Лејкерси славеа 103-100 и тоа со тројка на Леброн во последните секунди од преку 10 метри.
Во јубилејното 70. издание на НБА Ол-Старот, во „Стејт Фарм“ Арената во Атланта, тимот предводен од Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо издоминира јако против тимот на Дурент 170:150, по четвртини /40:39, 60:41, 46:45, 25:24/.
Веќе стана три децениска традиција НБА лигата да блеска со балкански сјај и тоа со играчи кои се сериозно опасни со баскет в рака. Со други зборови колото беше лудачко, затоа што вечер за паметење имаа Јокиќ, Дончиќ, Џејмс и Кари.
Еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата и МВП на НБА финалето 2017, Кевин Дурент изјави дека и во случај претседателот на САД да го викне тимот на Голден Стејт на свеченост во знак на честитки за титулата, тој не би дошол.
Го хејтаа, го напаѓаа зошто ја предаде Оклахома и отиде на готово да освои титула, но Дурент им докажа на сите дека е неверојатен кошаркар кој заслужено го освои прстенот и МВП наградата. „Ова е МВП и за момците од клупата, не е само мој“.
Кошаркарите на Кливленд намалија на 3-1 во финалето на НБА и сега одново се поставува прашањето ќе му се случи ли крах на Голден Стејт кој лани исто испушти водство од 3-1?
Голден Стејт е толку јак што и тренерот на Кливленд Тајрон Лу пред некој ден изјави дека не видел нешто такво во кариерата. Незадржливи се, особено Стеф Кари.
Плејоф лудницата во најдобрата светска лига започнува викендов, а ќе гледаме неколку мега-дуели како оној на Леброн против Пол Џорџ, Харден против Вестбрук или Антетокумпо против ДеМар Дерозан.
За помалку од еден месец започнува најважната спортска манифестација на глобално ниво, ЛОИ 2016 во Рио де Жанеиро. Таму за жал нема да видиме некои од мега-ѕвездите во разни спортови.
Голден Стејт имаше меч топка, во Оукленд Арената, пред своите навивачи кои беа спремни за титулата, но славјето им го расипаа Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг со вкупно 82 коша.
Актуелниот шампион во НБА, Голден Стејт го совлада најголемиот ривал Кливленд во Охајо 108:97 и се наоѓа на чекор од одбрана на титулата. Кари одговори на критиките со нова луда партија.
Кошаркарите на Кливленд Кавалирс на убедлив начин го совладаа Голден Стејт, ја забележаа осмата победа во Плејофот на домашен паркет и намалија на 2-1 во финалната серија. Доминација на Леброн Џејмс и Ирвинг.
Актуелниот шампион во НБА го направи првиот чекор кон одбраната на титулата. Кавалирс и Леброн немаа одговор на клупата на Вориорс која одигра фантастично и практично ги ослободи од обврски Стеф Кари и Клеј Томпсон.
Големото НБА финале почнува во ноќта меѓу четврток и петок (3.00) во Оукленд и ќе биде реприза на минатогодишното финале во кое Голден Стејт славеше 4-2 во победи, но Леброн сега ќе има помош од Кајри Ирвинг и Кевин Лав.
Прашањето со што се занимаваат спортистите по завршувањето на кариерата е еднакво интересно како и прашањето за почетокот на нивната кариера. Со оглед на тоа што многу сајтови и весници во последните неколку години се дигитализирани, нивните архиви се достапни и може да се дознае како почнала раната фаза на суперѕвездите.