Кога беше најпотребно, Стеф Кари влезе во ритам и го поведе Голден Стејт кон три меч топки за шампионската титула. МВП-то на лигата конечно заигра како што се очекува од него после три многу слаби изданија.
Кари уфрли 38 поени (7 тројки), Клеј Томпсон 25 (4 тројки) и Голден Стејт на следниот меч ќе игра за пехарот. во својата Оракл Арена.
Воините синоќа погодија неверојатни 17 тројки што е апсолутен нов рекорд на НБА финалињата. Шутерски рафали имаше и Харисон Барнс кој запиша 14 поени (4 тројки). Кливленд имаше шанса да израмни на 2-2 во серијата, но 34 коша од Кајри Ирвинг не беа доволни да се сопре шампионот. Леброн го заврши мечот со 25 поени, 13 скокови и 9 асистенции, но за разлика од минатиот пат, сега беше мошне несигурен во додавањата, за што сведочат седум загубени топки.
„Стандардна работа. Одговоривме на предизвикот. Се вративме на тоа што го претставуваме како тим", изјави накратко Кари после мечот.
Голден Стејт има шанса да стане само седмата франшиза во историјата на НБА која што ја одбранила титулата.