Уште ништо не е готово. Кошаркарите на Кливленд успеаа да ја продолжат серијата која што сега се враќа во Охајо каде во ноќта меѓу петок и сабота Кавалирс ќе има можност да израмни на 3:3.
ГОЛДЕН СТЕЈТ - КЛИВЛЕНД 97:112 (32:29, 29:32, 23:32, 13:19)
Леброн Џејмс уфрли 41 поен, со 16 скокови и 7 асистенции со 3 украдени топки и 3 блокади. Ирвинг исто така одигра фантастичен меч со 41 поен, 3 скока, 6 асистенции и 2 украдени топки. Кај домаќините само Клеј Томпсон одигра одлична партија со дури 37 поени (6/11 за три), а Кари запиша 25 поени. Игудала го заврши мечот со 15 поени, а никој од останатите играчи не даде повеќе од 7 поени.
Ендрју Богут доживеа повреда на коленото и не е познато колку време ќе отсуствува.
Кливленд е 16. тим кој успеал да добие натпревар откако губел 1:3, но досега никој и никогаш не успеал да направи целосен пресврт и камбек во финалето.