НБА финале кое не може да разочара

Големото НБА финале почнува во ноќта меѓу четврток и петок (3.00) во Оукленд и ќе биде реприза на минатогодишното финале во кое Голден Стејт славеше 4-2 во победи, но Леброн сега ќе има помош од Кајри Ирвинг и Кевин Лав.

Леброн Џејм ќе го игра седмото НБА финале во последните 13 години ос својата кариера. Кливленд, многу години е без титула (Кливленд во професионален спорт нема титула од НФЛ трофејот во 1964. година освоен од Браунс), а овојпат како и лани против себе ќе го имаат МВП-то и најдобриот тим од минатата сезона. И двете франшизи влегуваат во финалето по долги и напорни серии, но конечно се комплетни што значи дека веќе нема изговори или обвинувања.
 
Кој се јавува како фаворит?
 
Никој не го знае одговорот на ова прашање. Има две причини за ова:
 
Прво, минатогодишното финале не може да се земе како модел. Кливленд сега не само што има друг тренер, не само што ќе игра со Кевин Лав и Кајри Ирвинг, туку и потполно нов модел на игра. Минатата година Кливленд го водеше Дејвид Блат (пред потпис е со Дарушафака), кој го користеше Тимофеј Мозгов како центар во одбранбениот систем и се потпираше на способноста на Леброн Џејмс во играта еден на еден.
 
Откако Голден Стејт ги уништи сите достигнувања на Блат од регуларната сезона, тренерот Тајрон Лу почна да ги реформира Кавси - практично се откажа од класичен центар/пивот и повеќе го користи Кевин Лав како органски дел од нападот и акцент на три тројки во петорката. Тоа даде резултат.
 
Минатогодишниот Кливленд беше најдобар дефанзивен тим во втората половина на сезоната и во плеј-офот, а сезоанва е најдобар офанзивен тим после Ол-Старот. Со првиот Кливленд Голден Стејт лесно се справи, но со вториов просто не можеше.

Втора причина: Многу е тешко да се спореди силата на Источната и Западната конференција. Кливленд Кавалирс стана главен претендент за титулата откако „го избриша подот" со Детроит и Атланта, а на крајот малку подзастана во серијата со Торонто, но не до толкава мера да го доведе во сомнеж крајниот резултат.
 
Голден Стејт Вориорс има повеќе од доволно проблеми. Кари месец дена отсуствуваше и долго време му требаше да влезе во ритам во серијата против Оклахома. Неколку средби Вориорс загубија на начин каков што еден шампион не смее да си приушти. Полуфиналето ги натера хејтерите на Голден Стејт да „ги изедат своите маици", но Воините покажаа дека не се така непобедливи како во регуларниот дел од сезоната.
 
 
Дури и ако претпоставиме дека Кавс загубија два меча од тандемот Лоури-ДеРозан, а Вориорс се вратија после 1-3 во серијата против двајца од петте најдобри играчи во лигата, тогаш прогнозите се навистина неблагодарни, а фаворит ќе биде оној за кој ќе навивате.
 
Голден Стејт минатата година ја доби финалната серија во шест мечеви, со две продолженија и неколку брејкови на гостински терен. Кливленд сезонава значително го поправи брзото движење на топката и шутот за три поени, адутите на Голден Стејт неколкус езони на кои Кавси се адаптираа. Голем мотив за Кливленд ќе биде и тоа што Леброн Џејмс уште нема прстен со саканиот клуб поради што се врати во родниот град после две титули со Мајами Хит.

Од друга страна, Голден Стејт има мотив најдобрата сезона во историјата на НБА да ја крунисаат со втора титула по ред и да го добијат статусот легендарна генерација?